Connect with us

Инфо +

Правилник за свадби: 100 гости, не е дозволено гушкање и поздравување, оро на дистанца, сите на тераса со измерена температура

Што предвидува Протоколот за свадби, веселби и прослави на терасите на угостителските објекти: не е дозволено гушкање и поздравување; на гостите ќе им се мери температура на влезот; може да се игра само на дистанца…

  1. Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни. 2
  2. На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
  3. Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
  4. Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.
  5. Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
  6. Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
  7. Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
  8. Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект .
  9. Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.
  10. Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
  11. Организаторот на прославата има за обврска сите гости да ги запознае со препораките, условите и начините под кои се одржува свадбата.
  12. Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата (забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите).
  13. Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.
  14. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите.
  15. Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
  16. Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.
  17. На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет.
  18. При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.
  19. Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .
  20. Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
  21. He е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
  22. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  23. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна .
  24. По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  25. Редовно одржување на хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading

Свет

Русија повторно ги таргетира украинските железници – погодени станици кај Киев

Русија ноќеска спроведе масирани ракетни и дрон-напади врз Украина, при што беше погоден железнички јазол во близина на Киев, информира украинската државна компанија „Укрзализница“.

Според соопштението, цел на нападот била железничката инфраструктура:

„Разурнати се станицата Фастив и возен парк на приградските линии. Нема загинати, но сообраќајот е значително нарушен“, наведуваат од компанијата.

Службата за итни ситуации потврди пожар и големи оштетувања на станица и депо во регионот на Киев, а штета е пријавена и во Черниговската област.

Истовремено, во последните недели Русија ги засили нападите врз украинскиот енергетски систем. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата е погодена во осум области, што предизвика сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Одеската област најмалку 9.500 корисници останале без греење, а околу 34.000 без вода. Екипите работат на итни поправки „каде што безбедносните услови го дозволуваат“.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг