Електричниот „Фолксваген ID. Polo“ е прогласен за автомобил на годината во Германија за 2027 година. Моделот прво победи во категоријата за автомобили со почетна цена под 25.000 евра, а потоа ја освои и главната награда, пред „Киа PV5“, електричниот „Мерцедес-Бенц GLC“, „Xpeng X9“ и „Хјундаи Ioniq 6 N“.
Одлуката ја донесе жири од 47 германски и меѓународни автомобилски новинари по завршните тест-возења во Вецлар. Според „Фолксваген“, почетната цена на ID. Polo во Германија е 24.995 евра. Во својата категорија, моделот добил особено високи оценки за дизајнот и возните својства.
Победници во главните категории
Категорија Победник
Достапни автомобили – под 25.000 евра Volkswagen ID. Polo
Компактна класа – од 25.000 до 40.000 евра Kia PV5
Премиум класа – од 40.000 до 70.000 евра Mercedes-Benz GLC
Луксузна класа – над 70.000 евра Xpeng X9
Перформанси Hyundai Ioniq 6 N
Добитници на посебните награди
Награда Победник
Најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот Geely E2
Најдобар надворешен дизајн Renault Twingo
Најдобар ентериер BMW iX3
Најдобар погонски систем Porsche 911 Turbo S
Најдобар семеен автомобил Škoda Peaq
…












