среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Општина Битола доби национално признание за успешни младински политики

by Redakcija
11.11.2026
in Република

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за активно учество на младите во локалната заедница.

Признанието беше доделено во рамките на Четвртиот национален форум за младинска работа, кој се одржа во Младинскиот центар во Охрид, под мотото „Признавање и квалитет на младинската работа – Од законска обврска до локална реалност“, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА.

Наградата во име на Општина Битола ја прими заменик-градоначалничката Марина Крстиќ, а ѝ ја врачи претставник на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Ова признание ја истакнува водечката улога на Битола во Пелагонискиот регион во поддршката на младинското учество, развојот на младинските политики и поттикнувањето на активната вклученост на младите во општествените процеси.

Наградата „Младински пријателски град“ годинава беше воведена како новина на Националниот форум. Добитниците беа избрани врз основа на структурирано национално истражување, преку кое се оценуваше напредокот на општините во исполнувањето на обврските предвидени со Законот за младинско учество и младински политики.

Преку оваа иницијатива се препознаваат локалните самоуправи кои покажуваат резултати во создавањето услови за квалитетна младинска работа, неформално образование, информирање и поголемо учество на младите во донесувањето одлуки.

Со добиеното признание, Општина Битола се издвојува како една од водечките локални самоуправи во земјата во спроведувањето младински политики и поддршката на младите генерации.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Утре без струја делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

11.11.2026

Тоневски: Продолжува изградбата на канализацијата во населбата Драч во општина Пробиштип

11.11.2026

Утре без струја делови од Тетово и Порој: Кај Кожара прекинот ќе трае пет часа

10.11.2026

„Безбеден град“ во Струмица од декември: Кога ќе следуваат Штип и Битола?

10.11.2026

Утре без струја повеќе села во Тетовско: Исклучувањата почнуваат во 08:45 часот

09.11.2026

Општина Битола: Отворен јавниот повик за награда за волонтер или волонтерска акција за 2026 година

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Возач не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец во Тетово

4 дена ago

ВИДЕО: Иранцире со жив штит ги чуваат цивилните мостови од авионите на САД

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола доби национално признание за успешни младински политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од пет скопски општини: Прекини до седум и пол часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин е подготвен за мир со Украина: Кушнер откри што слушнал од рускиот претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас за да постигнам мир со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.