Ние постојано бараме нешто од Бога, на еден или друг начин, во многу животни ситуации. Болните се молат за здравје, сиромашните да не огладнат до смрт, оние кои страдаат бараат среќа, грешниците молат за прошка. Но, нашите барања и молби не се секогаш исполнети, и така со одредена доза на негодување, незадоволство и огорченост, честопати го прашуваме свештеникот на исповед, или пак нашите пријатели и роднини: „Зошто Бог молчи?“ „Зошто не ги слуша моите молитви?“
За многумина, Божјиот молк е знак дека Он не постои. И ако човекот не го добие она што го бара, тој престанува да се моли, се разочарува и се одрекува од Бога. Со такво разбирање на верата, молитвата е сфатена како некој вид на магиски ритуал: Правиш молитва и во истиот момент го добиваш она што си го барал толку долго време. За жал, дури и во молитвата ние бараме некоја трајна придобивка за себе: Ако го добиеме она што го бараме, тогаш со задоволство Му благодариме и Го славиме Бога, но ако не, тогаш лесно се одрекуваме од Него.
Зошто Бог молчи? Ова е прашање што сме навикнале да го поставуваме на сите, не само на нас самите. Ако Бог молчи, постојат дефинитивни причини за тоа. Но, што ако не станува збор за Бог, туку за нас? Можеби ние сме оние кои не сме во можност да го слушнеме Него? Се разбира, Господ ги слуша нашите молитви и ни зборува невидливо во тивкиот шепот на љубовта. Но, зошто Тој не брза да одговори на нашите молби?
Прво, за да ја испита нашата вера во однос на нашата љубов и посветеност кон Него. Времето во кое чекаме исполнување на нашите молитви е најполезното време за човекот кој се моли. Тоа е еден вид на духовен тренинг за трпение и молитва. Потешкотиите нѐ учат да се молиме. Бог очекува да не се потпираме на нашите сопствени сили, туку да го предадеме целиот наш живот во Негови раце. Отец Јован Крестјанкин многупати кажал дека никаде не се молел толку добро како во затвор. „Во затворот беше единственото место каде вистински се молев,“ вели тој. „И, тоа е така бидејќи секој ден бев на работ на смртта.“ За да се научиме да се молиме, мораме да поминеме низ суштината на искушенијата, и затоа потешкотиите се моторот што нѐ учи да се молиме. Еднаш, еден Старец бил запрашан како се научил на непрестајна молитва и тој одговорил дека демоните го научиле. Неговите ученици зачудено го прашале: „Како е тоа можно?“ Тој им одговорил дека демоните толку многу го мачеле, што тој постојано бил во молитва, и тоа ја претворило молитвата од навика во непрестаен труд.
Второ, ние треба да разбереме дека Божјото молчење зборува само за себе, бидејќи Неговиот одговор е сокриен во тишината, имено: Или она што сме го побарале е штетно и опасно за нас, или сѐ уште не е дојдено времето за тоа што го баравме да ни донесе најголема придобивка на нашата душа. Често, кога бараме нешто, тоа го правиме од незнаење, не разбирајќи го целиот степен на одговорноста и потешкотиите кои може веднаш да следат по исполнувањето на нашето барање. Понекогаш се случува да бараме од Бога една работа, а Тој да ни даде друга. Зашто, моите мисли не се твои мисли, ниту твоите патишта се мои патишта, вели Господ (Ис. 55,8). На пример, некој го моли Господ неговиот син или ќерка да почнат да се поправаат себеси, да се менуваат, а Господ им испраќа ним или на родителите болест, и тие почнуваат да размислуваат и да се каат.
Трето, нашите барања треба да се во складност со Божјата волја (сп. Јован 5,14). Оттука, Бог ќе го слушне она што е побарано не за наша придобивка, туку она што е според Неговата волја. А, како можеме да ја разбереме Божјата волја? Божјата волја за секој човек е откриена во Светото Евангелие, значи: Сè што извира од Евангелието е Божја определба за нас. Често, поради незнаење, се молиме за работи кои не се во корист за нашето духовно спасение. Св. Исак Сирин предупредува дека ние мора да се плашиме од тоа да не го навредиме Бог во нашата молитва преку барање на земни работи, бидејќи Он Самиот ни дава сѐ што ни е потребно за земниот живот, според Неговата промисла. Често, човекот не го добива она што го бара бидејќи тој не го бара за добро и благослов на неговата душа, туку за да го искористи за исполнување на своите желби (сп. Jaков 4,3). Се разбира, еден верник нема да го бара она што е штетно за неговата душа, но дури и во барањето на христијанските добродетели, важно е да се запомни дека тие не се даваат на човек веднаш, туку тогаш кога е најподготвен да ги прими Божјите дарови. Затоа, опасно е да ја примиме Божјата благодат пред вистинското време, ако претходно не сме подучени од искуството и времето.
Четврто, пред да се пожалиме дека Бог има тврдо срце и не ги слуша нашите молби, треба да се осигураме колку ние го слушаме Бог и колку сме спремни да живееме според Неговите заповеди од Евангелието. Колку внимателни и сочувствителни сме со молбите на другите, а особено со оние несреќни луѓе кои паднале во тешките времиња? Сетете се само колку пати рамнодушно сме поминале покрај луѓе кои страдале, молеле за помош и не сме ги сфатиле сериозно нивните барања, колку пати рамнодушно сме ги оставиле овие несреќни луѓе да умрат во болка, свртувајќи се од нив, затворајќи ги очите и покривајќи ги нашите уши, сметајќи ги таквите луѓе товар за општеството и мртви за светот. После сето ова, имаме ли право да се надеваме дека Господ ќе нè чуе? И оваа благословена лекција од Бога е исклучително важна за нас, за да се видиме себеси. Пред да побараме нешто од Бога, ние мора да жалиме за бесчувствителноста на нашето срце кон другите, а потоа да се надеваме дека ќе бидеме слушнати.
Предминатата недела беше посветена на раслабениот. Тој страдал од страшна болест 38 години. Но, тој немал никого да му подаде рака, да го спушти во бањите, за да биде исцелен. Овој настан од Евангелието е многу разоткривачки, бидејќи, првенствено, ја демонстрира приврзаноста на секој човек со себеси односно егоцентризмот, јасно изразен во неподготвеноста да ја напуштиме нашата сопствена комфор зона за доброто на другиот.
Спомнувајќи го раслабениот, не очајувајте кога мислите дека луѓето ве напуштиле, кога ја немате надежта за поддршка – Господ нѐ испитува до последно, но во исто време, Он е блиску до нас и го гледа нашиот подвиг. И Он доаѓа кога човекот се обидува да се потпре на себеси и на оние коишто всушност не можат да му помогнат. Ова е вистинското чудо за оние кои можат трпеливо да чекаат.
Нашата вера првенствено е жива и активна вера, исполнета со добри дела и насочена кон помагање на другите. Човекот мора да остане човек, без разлика на сѐ. Еден грчки философ, Диоген, си дозволувал секакви ексцентрични лудости за да ги прикаже пороците на општеството. Еден сончев ден, тој излегол на градскиот плоштад со фенер и почнал да извикува: „Барам човек, барам човек!“ На овој силен повик, дотрчале луѓето, на кои Диоген им рекол: „Барам луѓе, а не робови!“ Но, ние сме робови на самите себеси на многу начини. Си градиме огромен идол од нашето „јас“, соживувајќи се со него, негувајќи го, правејќи си секојдневни отстапки и не лишувајќи се од ништо.
Да запомниме дека Бог секогаш одговара на нашите молитви на еден или друг начин, но не секогаш онака како што сакаме, и не секогаш во времето во кое сме планирале.
Божјото молчење секогаш нѐ учи на нешто. Чекањето на одговор од Бога е секогаш прашање на трпение, покајание и лична молитва. Да се научиме да го чекаме Господ секојдневно, бидејќи Он е многу поблиску отколку што ние мислиме. Да се навратиме на она што сме го згрешиле, да се покаеме, да ги исправиме нашите патишта, бидејќи Христос нѐ посетува секојдневно во длабочините на нашето срце, ако пребиваме во скрушено очекување.
Православната црква и верниците денеска на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници- Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.
Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“.
Меѓу нардот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата- не е на добро, а ако застане кај главата- болниот ќе оздрави.
Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време- времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.
Едно народно верување вели дека спрема временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреси какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.
Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.
Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.
Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.
Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.
Обичаи за Арангел
*Свечена церемонија и славска трпеза
Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.
*Молитва се за заштита и мир
Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.
*Забрането е извршување на потешки работи
Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.
*Помагање на сиромашните и донирање
Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.
Што не треба да се прави на Арангел?
Свадби и прослави
На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.
Избегнувајте конфликти
Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.
Непосветување на празникот
Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.
Свети Архангел Михаил, кој се празнува во четврток на 21 ноември, е еден од најважните православни празници. За овој ден се поврзуваат бројни обичаи и верувања, но има и некои сомнежи, како на пример дали се подготвува пченица.
Свети Архангел Михаил, на кого му се посветува празникот Архангел, важи за жив светец, па многу верници сметаат дека за овој празник не се подготвува ропско жито. Дали е навистина така? Еве што напиша на оваа тема еден патријарх во својата книга „За да ни бидат појасни некои прашања од нашата вера“.
Зрното не се подготвува за светците кои починале, туку како што се моли свештеникот во самата молитва за осветување на јаслите, јаслите да се принесат на слава Божја, „во чест и спомен на светителот (изречена име на славата на семејството), и во спомен на оние кои загинаа во побожната вера“. Ова е најважниот дел од молитвата во кој се открива значењето на подготвувањето на јаслите за слава Христова. Крштението со славеничката погача и лулка се принесува заради Бога и во чест на крстениот светец како заштитник на семејството.
Варената пченица не е симбол на смртта, туку на животот на оние кои живееле и кои сега живеат во вера во Бога и нивната слава Христова. Вистина е и дека сите светци се живи, бидејќи во Бога никој не може да биде мртов – Бог е Бог на живите, а не на мртвите. Погрешната практика веројатно настанала поради фактот што житото се подготвува и за помен на починатите најблиски. Во двата случаи, житото претставува жртва на Бога и ја симболизира православната вера во општото воскресение. Оваа жртва му се принесува на Бога во името на светецот или покојникот чие име се споменува на тој ден, или на тој спомен. Дали зборуваме за светец кој живеел, а потоа се упокоил или никогаш не поминал низ биолошка смрт, како Архангел Михаил или Свети Илија, не прави никаква разлика во однос на жртвите што му се принесуваат на Бога (празнична торта, жито и вино). Варената пченица не е симбол на смртта, туку на животот на оние кои живееле и кои сега живеат во вера во Бога и нивната слава Христова. Вистина е и дека сите светци се живи, бидејќи во Бога никој не може да биде мртов – Бог е Бог на живите, а не на мртвите.
Погрешната практика веројатно настанала поради фактот што житото се подготвува и за помен на починатите најблиски. Во двата случаи, житото претставува жртва на Бога и ја симболизира православната вера во општото воскресение. Оваа жртва му се принесува на Бога во името на светецот или покојникот чие име се споменува на тој ден, или на тој спомен. Дали зборуваме за светец кој живеел, а потоа се упокоил или никогаш не поминал низ биолошка смрт, како Архангел Михаил или Свети Илија, не прави никаква разлика во однос на жртвите што му се принесуваат на Бога (празнична торта, жито и вино).