четврток, ноември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион

by Redakcija
19.11.2026
in Македонија

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО.  

“Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од  3,8 % на БДП. ​Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски

Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ.

“ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија  Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки.  Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД.  Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е  исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски.   

На средбата истакна дека очекува продлабочување на  односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка.

ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пред повеќе од 2.000 години во Битола се мерело времето со сончев часовник: Камен открива неверојатна историја

19.11.2026

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Стопанска банка со најголем дневен пад, додека Македонски Телеком и НЛБ во плус – промет 18,97 милиони денари

8 месеци ago

Госпоѓа има пензија од дури 1.400 евра месечно, а дури 24 години не работела: Еве како ѝ успеало

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тутунари, внимавајте како го пакувате тутунот: Една грешка може да ви ја намали откупната цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пекабеско оствари 213 милиони денари нето-добивка за девет месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски пресврт до 2035 година: Исламот би можел да стане најголема религија во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина повторно го нападна Кримскиот мост: Русија го запре сообраќајот по нови експлозии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.