Голем дел од Тетово вечерва остана без електрична енергија, а засега нема официјални информации од ЕВН Електродистрибуција за причините за прекинот, ниту за тоа кога ќе биде нормализирано снабдувањето.
Прекинот предизвикува сериозни потешкотии за граѓаните, особено за домаќинствата кои се загреваат на електрична енергија. Дополнителна загриженост постои кај семејствата со мали деца, кои во вечерните часови остануваат без можност за соодветно загревање на своите домови.
Граѓаните очекуваат надлежните служби што поскоро да излезат со официјално објаснување за причините за прекинот и информација кога ќе биде воспоставено нормално снабдување со електрична енергија.
…












