Полицијата истражува кој го симнал македонското државно знаме од јарбол во центарот на Гостивар, откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како знамето се тутка и се фрла на земја.
Според информациите, станува збор за знаме што Општина Гостивар го поставила на улицата „Илинденска“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 ноември во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Полициска екипа извршила увид, а се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Снимката се прошири на социјалните мрежи
На видеото се гледа како едно лице го симнува знамето од јарболот, а потоа заедно со друго лице го тутка и го фрла на земја.
ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Снимката беше споделувана на социјалните мрежи, а ја објави и профилот „Патриотско друштво“, со напомена дека е преземена од ТикТок.
Засега не се соопштени детали за идентитетот на лицата што се гледаат на снимката, ниту за околностите под кои било отстрането знамето.
Општината: Знамињата се поставени
Според подоцнежни медиумски информации, знамето е вратено пред општинската зграда.
На информациите за неговото отстранување реагираше и Општина Гостивар, од каде што посочија дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.
…












