Connect with us

Спорт

ФОТО: Почина легендарниот фудбалер на Реал и Јувентус

Published

on

Големата легенда на Реал Мадрид и Јувентус, фудбалерот Луис дел Сол почина пред два дена на 86 годишна возраст.

Неговиот придонес за фудбалот во Шпанија и Италија од ’60-тите години е незаменлив.

Легендарниот играч за врска со репрезентацијата на Шпанија беше европски првак во 1694 година.

За Реал играше од 1960 година до 1962 и за тоа време освои Куп на шампиони, Интерконтинентален Куп, и две титули првак на Шпанија. Со Јувентус, каде настапува ое 1962 до 1970 година, го освои Скудето во 1967 година.

За шпанската репрезентација запиша 16 натпревари и три гола.

Спорт

Лајпциг бара 15 милиони евра за трансфер на Елмас

Published

on

Како што пренесува Спорт Билд, РБ Лајпциг поставил цена од 15 милиони евра за трансфер на Елиф Елмас во зимскиот преоден рок.

Елиф Елмас на почетокот од оваа година се пресели на истокот во Германија, но неговата авантура во Бундеслигата може да биде кратка.

Се почесто се говори дека РБ Лајпциг сака да се раздели со Македонецот откако тој не успеа да се наметне во првиот тим.

Како што пренесува Спорт Билд, „биковите“ поставиле цена од 15 милиони евра за трансфер на Елиф Елмас во зимскиот преоден рок.

Оваа сума е значително пониска од онаа која РБ Лајпциг му ја плати на Наполи пред неполни 12 месеци, и изнесуваше 24 милиони евра.

Continue Reading

Спорт

Дејан Георгиевски освои сребро од Г1 Светски куп

Published

on

Најдобриот македонски таквондист, Дејан Георгиевски освои уште еден вреден медал, овојпат сребро на БиХ Опен Г1.

Георгиевски освои важни бодови во битка за освојување на нова олимписка норма. Македонецот од значајниот турнир во БиХ се враќа со сребрен медал.

„Особено ни е драго што во полуфиналната борба со доминација го елиминиравме Бицер од Турција, борец од светска класа кој во минатото знаеше да ни нанесе проблем“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Дејан Георгиевски на овој настан беше предводен од помошник селекторот Стефан Костовски.

Continue Reading

Спорт

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 31. по ред забава го најави историско гостување во Милано (фото)

Published

on

Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола со својата традиционална забава во ресторанот „Вила Виста“, ја заокружи есенската полусезона од натпреварувачката 2024/2025 година. Настанот беше одлична можност за тимот, навивачите и поддржувачите да се осврнат на постигнатото досега, но и да погледнат кон иднината со оптимизам.

Како што е вообичаено, капитенот Никола Пискачев ја отвори вечерта со својот традиционален говор, правејќи ретроспектива на изминатата полусезона. Иако резултатите не ги исполнија очекувањата на тимот, Пискачев ја истакна кохезијата, другарството и борбениот дух како основа за подобри резултати во пролетниот дел.

Целиот текст на Bitolanews

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк