Connect with us

Религија

Денеска е тежок празник: Ден кога се врти Сонцето, ова се обичаите

Published

on

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу, но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Ерменија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни, заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј, коешто за време на животот го препишал на рака.

Меѓутоа, кај нашиот народ овој ден е поврзан со верувањата за вртењето на времето од лето кон зима и со вртењето на Сонцето. Така дошло и до адаптирање на името Вртолом. Како што запишал Ефтим Спространов во Охридско празникот Свети Вартоломеј бил познат како Вртолум и од тој ден Сонцето се свртвело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и тие, исто така, многу жалеле зашто се завртувало кон зима.

Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова, овој ден се сметал за тежок празник зашто од тој ден Сонцето се завртувало кон зима. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната, потоа на другата страна. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само Сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку има облаци на небото, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

Во Гевгелиско, според записите на Стефан Тановиќ, на овој ден не се работело поради оган и град. Се велело дека Сонцето се завртувало кон југ, дека до тој ден се приближувало кон земјата, а од тој ден се оддалечувало, дека дотогаш денот наголемувал, а оттогаш намалувал итн. Поради тоа по Св. Вартоломеј ништо не се сеело зашто немало да никне. И во Кумановско, по Вртолум не саделе лук, кромид, зелка и др. зашто не ќе врзеле глави, немало време да зреат, зашто времето се вртело кон зима.

Кузман Шапкарев запишал дека на Вртолом не се работело зашто се вртеле небото и Сонцето, па можело да има виулици. Шапкарев забележал едно предание во кое се раскажува дека еднаш на овој ден некој чифликсајбија ги терал своите момоци да ораат, „а тие пак, бидејќи не сакале му одговориле: ʼАго, денеска не се ора, денеска е Вртолом!ʼ Турчинот бидејќи не се грижел многу за каурскиот празник, насилно ги принудил момоците да ораат велејќи им презриво: ʼАјде орајте вие, вʼртʼр, тʼртʼр не знам јасʼ. Селаните се разбира не можеле веќе да се спротивставуваат на агата и, сакале не сакале, ги впрегнале воловите и почнале да ораат. Но, о чудо! Веднаш по заорувањето се случило да завее толку силен ветар и завеале такви силни виулици, та не останале ниту орачи, ниту волови, ниту плуг, ‒ се вртел плугот сосе волови во круг и удирале од земјата… Од тогаш Турчинот не само што не ги принудувал момоците да ораат на Вртолом, туку уште пред еден месец прашувал: ʼКога е бре, синко, тој врти удри?ʼ За да не се случи да ораат по погрешка, та да настрадаат сите“.

Дека народот го држел како празник кога не се работело за од невреме сведочи и едно кажување од селото Мрзен Ораовец. „На Вртолум обично не одиме на работа. Но еднаш бидејќи имавме многу за жетва, се излагавме па отидовме да жниеме во Грамаѓе. Попладне издувна таква бура, што сите полози ни ги однесе, дури и тавичката од ручекот. Колку што паметам не се случило на Вртолум да не издувне бура во вид на вртеж кој носи сè пред себе.“

Во Дебарца (Охридско) на Вртолом голем собир се правел во месноста Сливовски Анови каде што се собирал народ не само од Дебарца, туку и од Копачијата, од Кичевско, Дебарско, Струшко и други места.
Очигледно една природна појава што имала значење во животот на нашиот човек, била причина за мешање на некои христијански елементи со постари слоеви на народната култура.

Религија

Празник кој ги лечи болните и ги казнува грешниците: Вака се слави Св.Архангел Михаил

Published

on

Православната црква и верниците денеска на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници- Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.

Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Меѓу нардот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата- не е на добро, а ако застане кај главата- болниот ќе оздрави.

Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време- времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.

Едно народно верување вели дека спрема временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреси какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.

Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.

Continue Reading

Религија

На Св. Архангел за да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи

Published

on

Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.

Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Обичаи за Арангел

*Свечена церемонија и славска трпеза

Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

*Молитва се за заштита и мир

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

*Забрането е извршување на потешки работи

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

*Помагање на сиромашните и донирање

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

Што не треба да се прави на Арангел?

Свадби и прослави

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Избегнувајте конфликти

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Непосветување на празникот

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

Continue Reading

Религија

Се подготвува ли пченица на Свети Архангел Михаил?

Published

on

Свети Архангел Михаил, кој се празнува во четврток на 21 ноември, е еден од најважните православни празници. За овој ден се поврзуваат бројни обичаи и верувања, но има и некои сомнежи, како на пример дали се подготвува пченица.

Свети Архангел Михаил, на кого му се посветува празникот Архангел, важи за жив светец, па многу верници сметаат дека за овој празник не се подготвува ропско жито. Дали е навистина така? Еве што напиша на оваа тема еден патријарх во својата книга „За да ни бидат појасни некои прашања од нашата вера“.

Зрното не се подготвува за светците кои починале, туку како што се моли свештеникот во самата молитва за осветување на јаслите, јаслите да се принесат на слава Божја, „во чест и спомен на светителот (изречена име на славата на семејството), и во спомен на оние кои загинаа во побожната вера“. Ова е најважниот дел од молитвата во кој се открива значењето на подготвувањето на јаслите за слава Христова. Крштението со славеничката погача и лулка се принесува заради Бога и во чест на крстениот светец како заштитник на семејството.

Варената пченица не е симбол на смртта, туку на животот на оние кои живееле и кои сега живеат во вера во Бога и нивната слава Христова. Вистина е и дека сите светци се живи, бидејќи во Бога никој не може да биде мртов – Бог е Бог на живите, а не на мртвите. Погрешната практика веројатно настанала поради фактот што житото се подготвува и за помен на починатите најблиски. Во двата случаи, житото претставува жртва на Бога и ја симболизира православната вера во општото воскресение. Оваа жртва му се принесува на Бога во името на светецот или покојникот чие име се споменува на тој ден, или на тој спомен. Дали зборуваме за светец кој живеел, а потоа се упокоил или никогаш не поминал низ биолошка смрт, како Архангел Михаил или Свети Илија, не прави никаква разлика во однос на жртвите што му се принесуваат на Бога (празнична торта, жито и вино). Варената пченица не е симбол на смртта, туку на животот на оние кои живееле и кои сега живеат во вера во Бога и нивната слава Христова. Вистина е и дека сите светци се живи, бидејќи во Бога никој не може да биде мртов – Бог е Бог на живите, а не на мртвите.

Погрешната практика веројатно настанала поради фактот што житото се подготвува и за помен на починатите најблиски. Во двата случаи, житото претставува жртва на Бога и ја симболизира православната вера во општото воскресение. Оваа жртва му се принесува на Бога во името на светецот или покојникот чие име се споменува на тој ден, или на тој спомен. Дали зборуваме за светец кој живеел, а потоа се упокоил или никогаш не поминал низ биолошка смрт, како Архангел Михаил или Свети Илија, не прави никаква разлика во однос на жртвите што му се принесуваат на Бога (празнична торта, жито и вино).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк