УЈП не блокирала ниту една сметка на газдите за неисплатена плата
Управата за јавни приходи во текот на 2020 на газдите не им блокирала ниту една сметка за неисплатени плати кон работниците. Ова го покажува билансот за неподмирените дваачки од бруто-исплатите за здравствено, пензиско и социјално осигурување, како и персоналниот данок.
Долгот кон УЈП по овој основ бил зголемен во апсолутен износ за 845.249.117 денари или за 11,11 отсто повеќе во однос на една година претходно. Во 2020 година УЈП сепак редуцирано спроведуваше мерки за присилна наплата на неплатените даночни долгови.
Ова се должи најмногу на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која не се издаваше опомена за плаќање на данок и според тоа не можеше да се отпочне постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.
Уставниот суд лани на 24 јуни ја поништи Уредбата, но сепак остана влијанието од новото деловно опкружување и сите промени во однесувањето на даночните обврзници предизвикани од целокупната здравствена криза и новонастанатите услови во економијата, како и намалените можности УЈП да излезе на терен и вонредната промена на прописите.
„За секој месец Управата за јавни приходи ги изготвува и доставува блокадите во динамика утврдена со Календарот на активности, така што од доставата на опомените до доставата на блокадите поминува времето што ги вклучува законскиот рок во кој електронската достава се смета за уредна, законскиот рок за плаќање по опомена и времетраењето на интерните активности за проверка на уплатите, изготвување на решенијата и сл., но секако пред доспевање на обврската за плаќање за следниот месец.
Ова е редовна динамика на постапување на Управата за јавни приходи во изминатите години, како и во тековната 2021 година, со која има целосна ажурност во постапувањето и спроведувањето на законските овластувања на Управата за јавни приходи.
Во текот на 2020 година согласно со Уредбата со законска сила за примена на ЗДП за време на вонредна состојба Управата за јавни приходи не издаваше опомени за плаќање на данок/долг по основ на МПИН и не отпочнуваше постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.
По престанувањето на вонредната состојба, Управата за јавни приходи ги продолжи своите активности при што ги опфати сите даночни долгови од претходни месеци кои беа доспени и ненаплатени“, се вели во одговорот кој го добивме од управата.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, присуствуваше на лансирањето на новата нуклеарна подморница во Мурманск, која е опремена со хиперсонични ракети Циркон. Подморницата, именувана по градот Перм во Урал, е прва која е вооружена со овие напредни ракети, кои имаат дострел од 1.000 километри и летаат деветпати побрзо од звукот.
Путин изјави дека Русија продолжува да развива модерни ракетни подморници, а ова е петта подморница во рамките на проектот „Јасен-М“. Тој нагласи дека следната година се очекува подморницата да стане дел од руската морнарица и да започне да извршува борбени задачи.
Претседателот најави зајакнување на руската воена морнарица со најсовремено оружје, технологии и комуникациски системи. Според него, новите подморници и бродови ќе ја зајакнат безбедноста на поморските граници на Русија, особено на Северниот морски пат. Ова ќе биде од клучно значење за зачувување на националните интереси на Русија во различни делови на Светскиот океан, вклучувајќи го и Арктикот, кој денес има големо економско и стратешко значење, особено во контекст на зголемената глобална конкуренција.
„Ќе продолжиме да работиме на тоа да го заштитиме територијалниот интегритет и суверенитет на Русија и да го консолидираме нејзиниот статус како водечка поморска сила“, изјави Путин.
Лимузината „Аурус“ од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодирала на улица северно од седиштето на московската тајна служба ФСБ во Лубјанка, вели Б92.
На видеата се гледа дека пожарот кој избувнал во моторот на „аурус сенат“ вреден близу 330.000 евра се проширил и во внатрешноста на возилото.
Се уште не е познато кој управувал со автомобилот кога се случил инцидентот. Се верува дека лимузината е во сопственост на Одделот за управување со средства на рускиот претседател.
ФК Рокдејл Илинден , заедно со партнерите , вклучително и неколку друштва, собраа нешто три милиони денари за помош на настраданите во пожарот во Кочани.
Во текот на следните денови сите средства ќе се префрлат на номинираните индивидуални банкарски сметки на семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар во Кочани, Македонија.
Оваа иницијативе не би бил возможна без прекрасната поддршка од голем број корпоративни партнери.
Исто така, бевме поддржани во нашето собирање средства и ги поздравивме значителните придонеси од следните поврзани организации,
· Австралиско македонско друштво – Методија Андонов – Ченто, Сиднеј · МКУД Илинден – Сиднеј · Мариово Сиднеј · Bankstown City Lions FC
Би сакале да им се заблагодариме на сите поддржувачи и членови кои присуствуваа на натпреварите минатата недела и кои донираа за оваа достојна кауза.
ФК Рокдејл Илинден упатува молитви и срдечно сочувство до семејствата и најблиските на сите оние кои загинаа во овој трагичен настан.
Бејсајд Советот на парламентот на NSW Maso Cup Timco Mucunski #PrayersForMacedonia #InOurSarts #RockdaleIlindenFC @followers @top fans #wearerockdaleilindenfc 𝗞𝗢𝗖𝗔𝗡𝗜 𝗔𝗣𝗣𝗘𝗔𝗟 · Vi blagodarime