Ги договарате последните детали со странците врзани за почеток на заеднички проект. Имате силна желба да се докажете и проектот да доживее успех. Брачниот партнер не сака да признае дека е незаинтересиран за бракот. Стабилно здравје.
БИК
Целосно сте незадоволни од соработката со надредената личност. Ви смета неговата хистерија, тврдоглавост и ментално ограничување. Уживате во стабилната врска. Живците се тенки.
БЛИЗНАЦИ
Започнете подготовки за почеток на приватен бизнис. Сметате дека имате доволно знаење и искуство самостојно да работите. Хистеријата ви смета и се доведува до прашање опстанокот на врската. Солидно здравје.
РАК
Ве очекува пократок работен пат во странство. Заклучувате спогодба кои овозможуваат долгогодишна соработка. И покрај лошите односи со партнерот, се обидувате да се убедите себе дека бракот има перспектива. Стабилно здравје.
ЛАВ
Имате впечаток дека странските соработнии не се претерано заинтересирани за соработка, па се фокусирате на домашните партнери. Одличен ден за ново познанство. Другата страна е повеќе заинтересирани него вие. Стабилно здравје.
ДЕВИЦА
Денот не може да биде полош. На работа ве чекаат проблеми врзани за работа, финансии и недостаток на резултати. На емотивното поле не ни помислувате. Нервите се почувствителни, неопходен ви е одмор.
ВАГА
Работата нормално се развива, а вие правите планови како понатаму да се проширите. Врската се завршува неславно, а вие не сакате да признаете дека некои ваши потези довеле до тоа. Физички сте добро, ама сте во тешка депресија.
ШКОРПИЈА
Целата своја енергија ја насочувате во областа на работа. Сте поставиле цели кои мора да ги остварите. Делува дека сами себе се докажувате. Уживате во стабилниот однос со партнерот. Време е физички да се активирате.
СТРЕЛЕЦ
Ја прекинувате работната комуникација. Не сакате да соработувате со личност која има хистерија и ги гледа само своите цели. Ви годи добрата комуникација со брачната партнерка. Неопходен ви е одмор.
ЈАРЕЦ
Презадоволни сте од разбирањето и соработката со колегите. Правите нови, уште поамбициозни планови. Ве очекува изненадувачки трошок кој ќе ве изнервира. Не сте заинтересирани за љубовното поле. Нервите се чувствителни.
ВОДОЛИЈА
Незадоволни сте од соработката со странските партнер. Потребни се неопходни промени со кои тие не се сложуваат. Брачниот партнер мисли дека сте напнати, па ве заобиколува. Пречувствителни сте, лесно се вадите од такт.
РИБИ
Вредни сте и сакате јавно признание. Се фокусирате на работи кои може да ви донесат медиумско внимание. Депресивни сте поради прекин на врската. Раскинувањето ве погодило повеќе од што сте очекувале. Стабилно здравје.
Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.
Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .
Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.
Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.
„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.
Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.
Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.
Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.
И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.