Connect with us

Uncategorized

Сведочења за љубов, тага и болка, катастрофалниот земјотрес буди емотивни спомени – Никогаш да не се повтори !

Published

on

26.jули 1963 година 5.17 часот наутро пред 58 години скопјани ги разбуди катастрофален земјотрес.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

ВИДЕО) Скопје тагува: 56 години од кобните 20 секунди на 26-ти јули 1963-та

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк