Connect with us

Инфо +

Еве како некогаш го славевме Илинден (Видео)

Македонија денес прослави 118 години од почетокот на Илинденското вocтание и одново се потсети на xeројските дела и бopба на илинденците во 1903 година.

На социјалните мрежи денес се шири видео, кое претставува краток исечок од прославата на Илинден во 2010 година.

Навистина прекрасна глетка од Мечкин камен каде тогаш имало илјадници на едно место.

Вака се славеше Илинден во Република Македонија:

Advertisement

Балкан

Разорна експлозија пред банка во Солун: Сериозни штети на автомобили и околни објекти

solun

Ноќта во Солун беше прекината од експлозија што ја потресе Евосмос и го вознемири целиот кварт. Звукот се слушнал на повеќе од километар, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај жителите, кои излегле на улиците за да видат што се случува.

На среќа никој не е повреден, но последиците врз материјалните добра се сериозни. Најмалку седум автомобили биле уништени, а соседните објекти се оштетени од силата на ударот. Засега, нема информации дека пред експлозијата било упатено предупредување до полицијата или до граѓаните.

На терен веднаш пристигнаа полицајци и експерти за деактивација на експлозиви. Тие работат на утврдување на причината и можните осомничени, додека форензичките анализи се во тек.

Градските власти најавија дека наскоро ќе се објават дополнителни детали, но за сега Солунци остануваат во неизвесност, следејќи го развојот на истрагата.

Continue Reading

Балкан

Дел од обвинетите за трагичниот пад на настрешницата во Србија ослободени

sud

Вишиот суд во Нови Сад одлучи да ја запре кривичната постапка против дел од високите функционери и други обвинети, меѓу кои Горан Весиќ, Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, како и уште тројца други лица. Според судските образложенија, нема доволно докази кои би го поткрепиле сомнежот за сторените дела против општата безбедност и неправилно изведување градежни работи.

Одлуката значи дека Јелена Танасковиќ, Милан Спремиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ повеќе не се ограничени со мерката забрана за напуштање на домот и веднаш ќе бидат пуштени на слобода. Сепак, Анита Димоски и Горан Весиќ остануваат во куќен притвор, поради посебно решение на Вишиот суд во Белград.

И покрај ова, судот ја потврди обвинителната постапка против уште седум лица, меѓу кои Небојша Шурлан, Слободан Наумовиќ и Милан Јелкиќ, како и четири жени – Љиљана Милиќ Марковиќ, Јасна Стојилјковиќ Милиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ и Душан Јанковиќ. Судот утврди дека за овие лица постои доволно оправдан сомнеж дека прекршиле прописи, направиле пропусти во изведбата и одржувањето на објектот, како и во надзорот, што е во директна причинско-последична врска со настанатата штета.

Со оваа одлука, предметот останува отворен, но одговорноста сега се фокусира на групата за која судот смета дека постојат конкретни докази за продолжување на кривичната постапка.

Continue Reading

Свет

Католиците низ светот денес го прославуваат Божиќ

Денес, милиони верници ширум светот го слават еден од најсветлите христијански празници – Божиќ, денот кога се одбележува раѓањето на Исус Христос. Католици, протестанти и други заедници кои го користат грегоријанскиот календар се собираат во семејниот круг, носејќи порака на мир, надеж и заедништво.

Традицијата налага празникот да се прославува во кругот на најблиските, со молитви, богослужби и семејни обичаи што се различни од земја до земја, но со иста суштина. Наутро, верниците присуствуваат на миса, а потоа следува заеднички ручек кој ја зближува фамилијата и зајакнува духовната врска меѓу членовите.

Според Библијата, Исус се родил во скромна штала во Витлеем, роден од Девица Марија и поддржан од нејзиниот сопруг Јосиф. Заради скромниот амбиент на неговото раѓање, верниците традиционално под елката поставуваат фигури на овци и други домашни животни.

Домовите ширум светот за Божиќ се претвораат во мали светлечки бајки – украсени елки, светкави лампиони и подароци за најмладите создаваат атмосфера на топлина и радост, која ја споделуваат сите генерации. Во ова време, семејството и верата се срцето на празникот, потсетувајќи на едноставната, но моќна порака на љубов и солидарност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг