Connect with us

Религија

Животот ми се промени откако преспав во манастирот: Чудата на манастирот Василиј Острошки

Published

on

Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до старци, сретнав додека го посетував овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера.

За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години…секој за својата мака, велат, тука нашол лек.

Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински.

Самиот пат до манастиот е предизвик. Ние стигнавме околу пладне. Со автобус може да се стигне само до Долниот манастир, а оттаму со автомобил или такси за кое плаќа едно евро. Но, верниците милуваат да одат пеш, како и самиот чудотоврец. Велат и ден-денеска тој чекори по таа тесна камена патека во срцето на шумата. Како и светецот, многумина тргаат пеш, но и боси.



Постарите велат дека треба да се оди бос, во почит на светецот, но и за здравје и за спојување со природата и верата, бидејќи ова е света траса по која Василј одел секојдневно, како и целиот карпест крај е свето место. Одев пешки, но е и боса. По околу 40-минутно пешачење стигнавме на врвот. А таму оние кои одеа боси велат дека не почуствувале ни болка, ни студ, сепак е студен октомвриски ден.

А горе не’ пречекаат многу верници, полека се сместуваа да ја поминат ноќта во довор на манастирот…ќебиња, перници, јоргани, душеци, млади и стари, лица полни со надеж…

За човекот кој животот го посвети на верата

Свети Василј Острошки е чудотворец кој лекувал болни и кој и покрај заканите од тогашните турски власти, никогаш не се откажал од вербата во Бога. Тој е роден во селото Мркоњиќ, Попово Поле Во Босна и Херцеговина на 28 декември 1610 година во сиромашно семејсто. Уште од мали нозе, родителите го учеле на скромност, на духовно богаство и вера.

Роден како Стојан, растел пасејќи овци, учен од своите за Бога, за соживот и за несебичност. За да го заштитат од турскиот аскер кој ги земал машките деца за јаничарската војска, неговите го праќаат во манастир, каде и останал до крајот на животот, а потоа бил прогласен и за светец. Монашкиот живот го почнува под закрила на својот чичко, игумен Серафим во најблискиот манастир.

По замонашувањето го прима името Василиј. Животот го поминал меѓу народот, зачувувајќи ја верата во опасните времиња, служејќи му на Бога и посетувајќи манастири. Честопати бил напаѓан од неверици, од турската војска, од непријатели, но тоа не му била пречка во неговата благородна мисија за зачуваување на верата меѓу народот. Починал на 29 април 1671 година во манстриот Острог.



Чудотворната лоза израсната во карпа

Најголемиот дел од својот живот чудотворецот го поминал во овој манастир. И ден-денеска, неколку века по неговата смрт, на местото каде што починал, во неговите одаи, расте винова лоза сред карпа. Ова е вистинско чудо. Се раскажува дека оваа лоза изникнала на денот на неговата смрт сред карпа, без вода, без семе и без земјиште, како сведок за моќта на светецот.

Многу жени раскажуваат декаа токму плодовите на оваа лоза им помогнал да зачнат живот, отакако изгубиле надеж дека некогаш ќе бидат мајки.

Прогласувањето за светец

Телото на Свети Василиј монасите го погребале во гробница под црквата Воведение на Мајката Божја, а верниците доаѓале на неговиот гроб да се молат за здравје и помош. А чудата секојдневно се случувале. Седум години по неговата смрт, светецот му се јавил на сон на тогашниот игуман на манастирот Свети Лука во Парохијата во близина на Никшиќ. Тој го игнорирал сонот, но светецот продолжил да му се јавува.

Тој на сон побарал од него да го откопа неговиот гроб. Како што ми раскажаа, по третиот сон игуменот решил да го стори тоа. Заедно со монасите го сториле тоа и останале зачудени. Неговото тело не било воопшто распадното, било жолтеникаво и мирисало на босилек. Тогаш тие сфатиле дека овој човек навистина е светец. На 12 мај тој бил прогласен на светец и тој ден е негов празинк во негова чест. Неговите мошти се пренесени во малата црква пред манастирот, каде секојдневно, верници се молат за здравје, а луѓето се сведоци за чудата и моќта на верата.

За чудата, за моќта, за верата

Но, она што го ги спои верниците, но и скептиците од целиот Балкан, но и пошироко се чудата кои секојдневно се случуваат во ова свето место. Додека патуваме накај манастирот слушанав многу приказни за чуда кои се случиле. Многу болни, толку болни што дури и докторите не им даваат повеќе надеж ја повратиле силата откако поминале ноќ под ведро небо во дворот на манастриот посветен на светецот. Речеси скојдневно стотици верници се одлучуваат да спијат во манастирот за здравје, за среќа, за спокој и мир на душата. Во склоп на манастирот има и конаци, но бидејќи тие се доволни за многубројните верници, повеќете од нив спијат под ведро небо, чувани од чудотворецот Василиј.



Според обичаите, кога некој го посетува манастирот треба со себе да понесе нешто, најчесто оставаат дар машки чорапи и шеќер во коцки. Оној кој милува може да си освети нешто за во домот. Најчесо се носат маички, пешкири и чорапи.

Стигнавме околу 14.30 часот, и речиси час и половина чекавме да влеземе во малата и стара црква каде се сместени моштите на светецот. Како што е ред, ги оставивме подароците, а со нас го понесовме она што требаше да се освети. Понесовме наши работи, но и работи за болни пријатели, кои ете по нас побараа здравје. Мир, сонце, тишина, сите мирно чекаа да им дојде редот…а во тие час и половина ни жед ни болка во нозете, само некое спокојство кое ја спојува таа огромна бројка на луѓе дојдени за иста цел.

Црквата е навистина мала, а во неа еден отец кој ако побарате ќе ви прочита и молитва за Вашата мака. Ни рекоа да не се задржуваме многу бидејќи редот на посетители беше навистина долг. Се поклонивме пред моштите на светецот, се помоливме и го допревме тоа што требаше да се освети.

Лица искрени, намачени, Македонци, Срби, Бругари, Руси, дури и француски и англиски слушнав во дворот на манастриот преполн со луѓе дојдени со верба.

Раскажуваат како некој проодел откако неговата мајка секојдневно се молела на светецот, други кажуваат за болни кои станале од постелата, трети пак велат дека чудотворецот им помогнал да станат родители.

Мир и спокојство, чиниш душата ти се смирирува и се спплотува со небесната шир која го опкружува ова свето, ова чудотворно место.

„Животот ми тргна на подобро откако преспав во манастирот“

Една од сопатничките, скопјанката Билјана отворено ми раскажа вербата во чудата на Василиј Острошки и за нејзинито искуство, за кое таа вели, „ми го промени животот“.

Таа раскажува дека честопати слушала за манастирот, но некако без многу верба игнорирала. Прв пат ја видела турата за посета на Фејсбук, но само одминала. Вториот пат кога повторно ја видела некако се заинтересирала, а веќе по трет пат вели таа, кога се појавила, нешто како да на натерало да тргне. Не можејќи да најде друштво, тргнала сама, решена да преспие.



„Стигнавме и имаше неколку стотици луѓе“, ја почнува таа својата приказна додека се враќаме од манастирот, сите поспокојни. Таа вели дека кога стигнала немало место во конаците, па решила да преспие во дворот, како и многумина други. Вели дека воопшто не била подготвена, ни ќебе, ни перница.

„Оттаму ми дадоа неколку ќебиња и перница, а и душеци за да постелиме. Нормално, никогаш не ми легнала на нешто неперно, а тогаш воопшто не почувствував ни гадење, ни грижа, вооптш не ни помислив колку луѓе ги користеле пред мене“, се потсетува Билјана. Вели дека си легнала околу 20 часот.

„Толку луѓе на едно место, а толку беше мирно и спокојно“ – вели таа и додева дека највоодушевувачки момент и било кога влегла во одајата со моштите. „Бевме околу пет лица заедно. Молчевме и стоевме. Наеднаш сите во ист миг се свртевме и излеговме, без никој збор да каже. Беше тоа магичен миг, како на прочистување, на препородување“.

Додека раскажува се насмевнува, искрена е и вели дека на сите им кажува за своето посетување на манастирот и вели дека треба самите да ја почувствуваат неговата моќ. Таа се сеќава дека до неа спиеле мајка и две дечиња, околу три и петгодишна возраст. Се сеќава колку биле тие мирни, послушни и воопшто не биле исплашени што спиеле надвор таа ноќ.

„Се разбудив околу 2 часот по полноќ, а се чувствува како да сум спиела повеќе од десетина часа. Рано утрото ја посетив литургијата и се чувствува толку убаво, смирено“.

Билјана раскажува дека секоја ноќ по неколку стотици луѓе преспиваат во манастирот и во конаците и дека никој никогаш не се пожалил на студ, на болка, на страв.

„Тоа е еден мир и енергија која мора да ги доживееш“ вели таа, која додава дека после преспивањето нејзиниот живот тргнал на подобро.

Додава дека ова и втор пат, и дека ќе го посети манасирот уште еднаш, бидејќи според обичаите, мора да е непарен број на посети.

По нејзина препорака и прекраснот искуство, нејзина пријателка која немала деца преспала во манастирот, и следната година родила детенце.

Чудна е вербата, уште почудни се искуствата на верниците, но како што велат, за арно е…чудата секојдневно се случуваат, а многуброните реки посетители на овој манастир говорат дека таму чудата се вистински и дека моќта на овој светец е голема.



Она што е интересно, а воедно и уште чудо, е што секоја година му ги менуваат чевлите на светецот бидејќи ѓоновите се излитени. Верниците велат дека тој и ден-денеска шета меѓу народот одговарајќи на молитвите, помагајќи на болните и зајакнувајќи ја верата. Самиот предел околу манастирот и како да се стигне до него е стрмен и опасен, но велат ,тука никогаш не се случила сообраќајна незгода бидејќи светецот го чува овој крај.

Голема е моќта, вербата и чудата, а ако верувате посетете го ова свето место во карпата и самите почувствувајте ја таа моќ, тој мир и спокјство кое ви ја полни душата со нешто преубаво.

Религија

Денес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Published

on

Денес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е посна слава бидејќи паѓа во деновите на божиќниот пост.

Именден празнуваат Горѓи, Горѓија, Георгина,Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др….

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.

Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет.

За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Continue Reading

Религија

Празник кој ги лечи болните и ги казнува грешниците: Вака се слави Св.Архангел Михаил

Published

on

Православната црква и верниците денеска на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници- Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.

Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Меѓу нардот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата- не е на добро, а ако застане кај главата- болниот ќе оздрави.

Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време- времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.

Едно народно верување вели дека спрема временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреси какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.

Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.

Continue Reading

Религија

На Св. Архангел за да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи

Published

on

Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.

Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Обичаи за Арангел

*Свечена церемонија и славска трпеза

Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

*Молитва се за заштита и мир

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

*Забрането е извршување на потешки работи

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

*Помагање на сиромашните и донирање

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

Што не треба да се прави на Арангел?

Свадби и прослави

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Избегнувајте конфликти

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Непосветување на празникот

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк