Веаповска се породи на 31 август лани, а кога состојбата и станала критична била пренесена на скопски КАРИЛ. Таму и кажале дека и недостигаат 2 органи.
Ова е извештајот од патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиниот пораѓај. Тврди дека без да ја праша неа или нејзиниот сопруг, докторот Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на патологија. Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка.
Не лекарската комора, туку Министерството за здравство објави дека немало пропуст во работењето на директорот Асани. Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување. Комората не го даваше извештајот, но преку соопштение се правда за сопствената одлука. Велат комората е составена од стручни лекари кои не биле ни вештаци, ни истражители.
КОМИСИЈАТА ЈА КОНСТАТИРА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ВРЗ ОСНОВА НА ДОСТАПНАТА МЕДИЦИНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА. КОМИСИЈАТА НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА ВРШИ ВЕШТАЧЕЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАСТАНОТ, ТОА Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ. ТАА, ПРИ СТРУЧНИОТ НАДЗОР УТВРДУВА ДАЛИ СЕ ИСПОЧИТУВАНИ ПРАВИЛАТА ШТО ПРЕТСТАВУВААТ МЕДИЦИНСКИ СТАНДАРД ШТО МОРА ДА ГИ СЛЕДИ СЕКОЈ ЛЕКАР ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА И КАКО Е РЕАГИРАНО ВО КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ, ПРИ ТОА ЗЕМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ИМА СВОЈА СПЕЦИФИКА.
Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство. За министерот за спречување корупција е доволно што обвинителството отворило случај, побара да не го обвинуваме директорот пред време, ама не кажа зошто Владата не го разреши.
Претседателката на антикорупциска комисија беше контра неговиот став, па истакна дека во најмала рака треба да е разрешен.
Пред шест месеци министерот Филипче на барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на семејството, реши да формира нова комисија која ќе треба да го разгледа случајот на Јалдз Веапоска, а во неа ќе се директорите на Клиниките за урологија, гинекологија, Карил и Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Не го прифаќам извештајот на Лекарската комора и правдата ќе ја барам до крајот на животот, изјави Јилдиз Веапоска од Дебар, откако Лекарската комора по стручниот надзор во Струшката болница, констатирала дека нема лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката. На Веапсокса по породувањето и беа остранети бубрег, матка и јајник. Сега вели дека очекувала ваков извештај, се сомнева во неговата објективност и бараше јавно да се соопштат имињата на лекарите од Комората кои на 9 февруари го извршиле увидот.
На 17-ти март Филипче и Владата конечно го разрешија доктор Асани по скандалот со нелегалната ординација и случајот со Веапоска сеуште не доби некаква крајна завршница.
Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат
На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.
„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.
Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.
„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.
Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.
Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.
Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.