Connect with us

Македонија

Со боите на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ќе бидат осветлени Нијагарините водопади и „Си-ен” кулата во Торонто

Нијагарините водопади и „Си-ен” кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Во одделна церемонија која почнува во 11:30 часот по источноамериканско време, Македонците од Њујорк и Њу Џерси ќе извршат свечено подигање на македонското знаме на два јарбола на Волстрит, на плоштадот пред познатата бронзена фигура на бикот.

За одбележување на овој значен јубилеј на македонската независност, Канадско-македонското историско друштво обезбеди „Си-ен” кулата во Торонто да биде осветлена во црвено и жолто. Илуминацијата ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.

Под покровителство на фамилијата Битов, пак, бордот за илуминација на Нијагарините водопади одлучи водопадите да бидат осветлени со боите на македонското знаме вечерва во времетраење од 15 минути со почеток во 23 часот.

-Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на  Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025″, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада.

Во Њујорк сити, пак, денеска ќе се оддржи свечена церемонија во чест на јубилејот три децении од независноста на нашата земја со подигање на македонското знаме на јарболите на плоштадот пред статутата на бикот на Волстрит.

На свеченоста на која се очекува да дојдат повеќе гости, говор ќе оддржат  претставници на Обединета македонска дијаспора и конзулот на Северна Македонија во Њујорк.

Извор: МИА

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading

Македонија

Советот на Битола добива дигитален пресврт: Бојкоски најавува електронско гласање

bitola

Советот на Општина Битола започна со нова, модерна практика – воведување пилот-проект за електронско гласање, кој ветува побрзи, поефикасни и по транспарентни седници од кога било досега.

Претседателот на Советот, Бојкоски, истакна дека на денешната Комисија за јавни дејности членовите имаа можност да го тестираат системот во практика. „Во периодот што следи, истиот ќе се имплементира и на останатите комисии“, соопшти Бојкоски.

Интересно, системот за електронско гласање е целосно развиен од ИТ тимот на општината, без ангажирање на надворешни фирми и без дополнителни трошоци за буџетот на Општина Битола.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“, додаде Бојкоски.

Според најавите, електронското гласање ќе го забрза процесот на донесување одлуки и ќе ја зголеми отчетноста на членовите на Советот. Сепак, за да се обезбеди веродостојност, ќе се потврдува и физичкото присуство на лицето задолжено за верификација.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг