Connect with us

Uncategorized

Наталија од Делчево: Ве молам помогнете ми да не останеме на улица со мало дете

Published

on

На социјалните мрежи деновиве се шири апел на една мајка за помош на нејзиното семејство кое се наоѓа во тешка ситуација.

Овој апел за помош е споделен и на страницата на Левица – Делчево, а во истиот се вели:

Другари и другарки !На ова семејство од Делчево е потребно да му се помогне, па кој е во можност може да донира. Се работи за семејство со мало дете кое живее во една соба во социјален стан.

Жената е невработена, а сопругот нема некоја постојана работа, а тоа што го заработува не е доволно за нормална егзистенција.

Жената бара да и се помогне да го обноват домот на сопругот кој му останал од таткото во кој сега за сега нема основни услови за живеење.

Се работи за куќарка која е стара и веќе се распаѓа, а они сакаат да соберат средства барем две соби да реновираат и да му овозможат на нивното дете да расте во колку – толку прифатливи услови. Ајде да бидеме хумани и да им излеземе во пресрет!

На онлајн платформата Хелпкарма веќе е започната акција за донирање пари за ова семејство, а мајката Наталија во својата објава вели:

-Здраво луѓенца се надевам ќе ми помогнете. Ние сме семејство од Делцево живееме во социален стан доделен на мојот сопруг од мајка му.

Јас не работам, сопругот работи но тоа не е е доволно за да се подмират сметките. Тој што заработува е доволно барем за хрнана да имаме за нашето дете, тоа ми е најбитно да не му фали ништо.

Ќе ве замолам да ни помогнете да овозможиме услови во домот кој ни остана од татко му на мојот сопруг. Таму нема никакви услови за живеење, кукјата е стара и веќе се распаѓа.

Ние моментално живееме во социален стан во една соба но имаме проблем, немаме доволно средства ни стигна документ да го продолжиме договорт но ние немаме со кои пари да го продолжиме.

Ако не го продолжиме ќе останеме на улица. Затоа ве замолувам да ми ПОМОГНЕТЕ барем да успееме да реновираме две соби од старата кукја или барем да имаме доволно средства за плаќање на кирија некое време додека не најдам и јас работа.

Не дозволувајте со мало дете да останме на улица, ве молам помогнете ми спремна сум да направам се за моето дете. Може сликите да ги видите во документите што ги имам остаено. Ви благодарам многу однапред, Наталија Богатинова.

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк