Бугарското вето кое го спречува почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, за целосен прием во европското семејство, поради официјалните резерви на Софија за македонскиот национален и историски идентитет, доведе до објавување на нов „НОН ПЕЈПЕР “.
Телевизијата Клан Македонија поседува копија од овој неформален документ, во чија содржина се вели дека со истиот се запознаени и Софија и Скопје, но се верува дека дури и моќните земји на Европската Унија, кои се заинтересирани да го решат проблемот, со интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.
НОН ПЕЈПЕР ЗА СЛУЧАЈОТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА
Интеграцијата на Западен Балкан во европските и евроатлантските организации е долгорочно безбедносно прашање со висок приоритет. Поради некои отворени прашања, како што е конечното решение за односите меѓу Србија и Косово, ревизија на функционалноста на БиХ, акутен предизвик што создава политички ќор -сокак во целиот регион е и стопирањето на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија .
Покрај во Скопје и Софија, недовербата се пренесува и во Белград и Приштина; Тирана сега се чувствува загрозена поради неформалниот систем дека е заедно со Скопје на патот кон ЕУ, додека прашање на време е кога ќе пукне и трпението на официјална Атина, која се уште е под дејство на политичка анестезија од Договорот од Преспа.
Ова веќе го чувствуваат алтернативните центри на моќ, така што присуството на руските хибридни закани и меката економска моќ на Кина во регионот станува се посилна.
Условно, „западниот“ политички фактор мора да изгради детален заеднички став кој ќе се наметне како решение „земи или остави “ со цел да се реши јазолот чии корени се во историските наративи поврзани со прашањата за идентитетот на Македонците и Бугарите.
Проблемот лежи во различните аспекти на толкувањето на познатите настани од пред еден век. Митологизирањето на историјата ги става двете земји во позиција на политички ќор -сокак, да се борат за националните интереси од суштински и егзистенцијален карактер.
Компромисните решенија досега двете земји ги сметаат за „лоши“ што според нив на долг рок претставуваат сериозна закана за нивната национална безбедност. Оттука, одговорноста што ја покажуваат земјите е од исклучително висок степен на политички притисок за постигнување решение.
За да се реши овој дел од „македонското“ прашање, на двете страни сега им е понуден таканаречен двоен принцип, што ќе им овозможи на двете страни да имаат своја гледна точка на уникатните историски настани.
На Република Бугарија ќе и бидат дадени гаранции за зајакнување на сегашниот концепт на нација-држава, во тој случај ќе биде признат историскиот контекст за бугарското потекло на нејзините граѓани без исклучок. Ова ќе ја ослободи Бугарија од траумата за загрозување на долгорочната стабилност и безбедност преку правата на малцинствата.
Во Република Северна Македонија, пак, контекстот на мултиетничко општество ќе се зајакне преку вклучување на бугарскиот наратив.
Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, како и другите етнички заедници (точно – како дел од бугарскиот народ),
Бугарските здруженија на тој начин ќе добијат посебна заштита и грижа од државата да ја негуваат и промовираат наставата за нивниот аспект на историските настани, а тоа ќе им биде гарантирано со Устав,
Мнозинството словенски граѓани кои се идентификуваат како Македонци и кои го сметаат историскиот контекст за единствен на македонскиот народ, ќе ја зачуваат можноста за ваквото убедување како и нивниот наратив за оваа заедничка историја,
Ова значи дека ќе има фактичка вистина што претставува емпириско научно дејство, но тоа ќе овозможи двоен аспект за дефинирање на контекстот и националното значење за идентитетите на двата народа,
Овој двоен систем ќе се применува и во образовниот систем, каде што ќе се препорача контекст на историски настани, ќе се вклучи двојното објаснување, со посебни забелешки за бугарскиот наратив, каде што се разликува од државниот наратив за Северна Македонија, или условно – македонскиот наратив.
Прашањето за јазикот и употребата на краткото име на Северна Македонија треба да се реши според она што беше предложено од – Германија, Португалија и Словенија – кои неофицијално се сметаа за прифатливи од двете страни.
Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството
Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.
„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.
Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.
МВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека автоматизираниот систем за сообраќајно санкционирање „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година, еден месец подоцна од првично најавениот датум.
Одложувањето доаѓа во период кога јавноста сè уште е фокусирана на состојбата во Скопје, а тестирањата на системот продолжуваат и во Тетово и Куманово – градови во кои истовремено со главниот град треба да почне издавањето автоматски казни.
Теренското тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршоци, особено при мали надминувања на брзината. Советничката во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Снежана Петровиќ-Арсовска, потврди дека се разгледува воведување праг на толеранција, но конечната одлука сè уште не е донесена.
Повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово, како и на коридорите 8 и 10, веќе се покриени со камери, но дел од нив не функционираат целосно или не се калибрирани. Најголемиот број регистрирани прекршоци досега доаѓаат од скопската обиколница, каде системот издаде опомена за само едно надминување на брзината за време на тестирањата.
Во Тетово и Куманово ситуацијата е поизразена – на многу локации камерите воопшто не биле активни или не регистрирале прекршок, иако намерно биле направени неколку. Дополнителен проблем е постојаното непрописно паркирање, за што МВР најавува дека ќе се користат специјализирани патролни возила со опрема за снимање кои ќе кружат низ градовите.
Во Куманово, само неколку дена по тестирањето, се забележани нови точки на кои се поставуваат свежи камери – што укажува дека системот сè уште се надградува.
Од МВР велат дека „Безбеден град“ ќе биде пуштен во целосна функција од 1 февруари, а до тогаш продолжува тест-фазата и калибрацијата. Дополнителниот месец, според надлежните, треба да го обезбеди потребното време за проверка на техничките параметри, но и да им даде можност на возачите да ги коригираат своите навики пред почетокот на автоматизираното казнување.
Андоновски: Родителите да имаат увид во изборот на деца за мобилни апликации – кон корисни и образовни содржини
И покрај австралискиот преседан со законска забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, Македонија засега цврсто стои настрана од радикални забрани. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека прашањето се разгледува, но изрази сериозни сомнежи во врска со примената и подготвеноста на општеството за ваков драстичен чекор.
„Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола.“ – истакна Андоновски, потенцирајќи го ризикот од неефикасност и заобиколување на мерките.
Наместо да се посегне по забрани, министерот го гледа решението во едукацијата и интензивната работа со родителите. Според него, одговорноста е на семејствата да го насочат времето што децата го минуваат на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон бесцелни „натпревари“ и „губење време“.
Прашан за личниот став во врска со австралискиот закон, Андоновски беше директен и скептичен:
„Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните.“
Министерот потсети дека во земјава веќе се работи на заштита на децата преку Центарот за побезбеден интернет. Тој децидно појасни дека секој социјален медиум веќе има возрасна граница под 16 години.
Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат.
Со ова, Владата ја префрла топката назад кај родителската контрола, сугерирајќи дека државната интервенција во приватниот семеен избор е последна и најтешка опција.