Connect with us

Македонија

Дpaма во Брисел: Димитров МОЛЧЕЛ дури 16 секунди во знак на peволт

Published

on

Со 16 секунди молк за 16-те години потрошени како земја кандидат за членство во ЕУ, вицепремиерот Никола Димитров го почна својот говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде се обрати како специјален гостин на есенската сесија.

„Не си ја заборавив мислата, ова беа 16 секунди, што се видоа долги, па можете да доловите колку долги изгледаат 16-те години за мојата земја што од 2005-та е кандидат за членство. Во 21-от век во Европа, прашањето на мојот мајчин јазик не смее да биде во судир со напредокот на државата кон членство. Не, ако Европа е континент каде се почитува културната и јазична шареноликост, како што стои во Лисабонскиот договор. Кој сум јас и каков јазик зборувам не се прашања на кои може да се дозволи кој било друг да има право на збор. Тоа е лично мое прашање. Во една демократија, твојата држава не може да ти каже како се чувствуваш, а камоли некоја друга земја или организација.” – порача Димитров.

Вицепремиерот истакна дека секој компромис доаѓа со политичка цена што се плаќа дома, но оти мислата – водилка на вистинските лидери не се идните избори, туку идните генерации. Токму затоа, истакна Димитров, компромисите направени од страна на Северна Македонија, значат заземање на вистинското место во историјата, но газење врз правото на самоопределување во ниеден случај не може да биде дел од компромис, оти е спротивно на самата европска идеја:

„Западниот Балкан е составен дел на Европа, без европската перспектива е како соба во куќата што е отсечена од домаќинството и затоа пристапувањето во ЕУ е задача на регионот, но и задача на ЕУ и подразбира заемна одговорност. Европското неисполнување на ветувањата кон регионот го урива кредибилитетот на Унијата, а со тоа удира кон прогресивните сили, се дава сила на националистите, а довербата на граѓаните опаѓа. Европа не смее да си дозволи да го изгуби регионот бидејќи единствената одржлива визија за иднината на овие земји е европската. Војните од деведесеттите години на Балканот се цивилизациски пораз за нашиот континент. Живееме во време кога темелите на светскиот поредок се разнишани и непредвидливи, регионот е место на судир на различни геополитички сили. Европа треба да размисли дали повеќе ќе ја чини инвестицијата во интеграција на Западниот Балкан или цената што ќе се плати со изоставување на регионот”, истакна Димитров.

Македонија

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна мета, постојат двојни стандарди

Published

on

Македонија е жртва на билатерален спор што две децении го блокира евроинтегративниот процес, порача премиерот Христијан Мицкоски од панелот посветен на пристапувањето на Балканот во ЕУ кој се одржа во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој беше говорник заедно со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Мицкоски, земјава ја спореди со Хрватска која во исто време ги започна евроинтеграциите, но како што рече Македонија е се уште на исто место поради наметнати билатерални прашања од соседите.

-Ние сме жртва на билатеризација или да бидам уште попрецизен, нашиот пат кон ЕУ е многу комплексен. Затоа што наместо да ја добилижиме Европа на Балканот, ние на некој начин го носиме Балканот во Европа. Има за жал земји членки на ЕУ кои се од Балканот и тие го носат билатералните спорови задно со нив во Брисел наместо да ги донесат бриселските вредности на Балканот.изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, пак, ја повтори пораката дека според неа, билатералните спорови го отежнуваат процесот. На прашањето на модераторката на панелот Мајда Руге дали Брисел е подготвен да преговара за уставни измени со одложено дејство, предлог кој го оцени како разумен, Кос одговори дека доколку Скопје и Софија се согласни може да помогне билатералниот спор да се реши надвор од проширувачкиот процес.

-Бугарија и Македонија веќе зборуваат за тоа, ние се понудивме за помош ако е потребно да се олесни. Никогаш не е добро кога се внесуваат билатерални спорови, со се случува повторно и повторно. За тоа зборував претходно, можам да ја разберам фрустрацијата. Секогаш ќе треба да се справуваме со билатерални прашања, мојата визија е доколку е можно ве молам, и ние ќе помогнеме да се реши ова надвор од процесот на проширување.изјави – Марта Кос – Еврокемсар за проширување.

Во врска со идните перспективи на ЕУ и безбедносните предизвици со кои се соочува, Мицкоски рече дека Македонија е комплетно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Но упати забелешка молкот на Брисел кога земја членка на Унијата го негира македонискиот идентитет, посочувајќи ја Бухарија.

-Кога Русија навредливо го занемарува и негира украинскиот идентитет, за што претседателот Зеленски зборуваше вчера, и украинскиот јазик итн, сите сме гласни, сите критикуваме, секако се бориме за правата на украинскиот народ и за оваа агресија без преседан која Путин и ја направи на Украина. Но кога парламентот на една земја членка на ЕУ, го занемарува и негира македонскиот идентитет и мојот македонски јазик, тогаш сите се силни. Секој знае дека зборувам за Бугарија,-изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Албанскиот премиер Рама кој исто така беше дел од панелот, порача дека очекува ЕУ да ги забрза процесите на интегрирање. Еврокомесарката Кос смета дека во нејзиниот мандат две или три земји до крајот на 2027 може да го затворат преговарачкиот процес посочувајќи ги Црна Гора и Албанија како предводници, веднаш потоа рече ќе се продолжи со Македонија.

Continue Reading

Македонија

Нема пари од ЕУ за Македонија, одложена исплатата од Планот за раст

Published

on

Првите исплати од Европскиот план за раст за земјите од Западен Балкан нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година, односно се одложени, според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК).

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во објаснувањето.

Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија уште во јануари 2024 предвидува шест милијарди евра во форма на грантови и заеми за земјите од овој регион.

Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на крајот на минатата година објави дека наскоро Собранието ќе го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со кој се ослободуваат вкупно 52,5 милиони евра како првата рата од над 750 милиони евра од Брисел кои ни припаѓаат.

Како што објаснуваат упатените, овие меѓународни договори мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК. 

Continue Reading

Македонија

Таравари најавува можно спојување на четирите партии од „Вреди“ по локалните избори

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.

За кандидати на „Вреди“ на локалните избори, Таравари вели дека се зборува и се прават анкети за некои имиња.

„ВО ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ, КАДЕ ШТО МНОЗИНСТВО, ОДНОСНО ИМА ШАНСИ И АЛБАНЦИТЕ ДА ПОБЕДАТ, ПОВЕЌЕ СЕ АЛБАНЦИ, РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ. МЕЃУТОА, СЕ НАДЕВАМ, КОН КРАЈОТ НА МАРТ, ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ И СО ПРЕДЛОЗИ КОИ БИ БИЛЕ НАШИТЕ КАНДИДАТИ ВО ОДРЕДЕНИ ОПШТИНИ ЗА ИДНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ“, ВЕЛИ ТОЈ.

Таравари се осврна и на последната одлука на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците и официјално му припаѓаат на Зијадин Села.

Најави дека ќе ја обжали одлуката на Судот бидејќи, како што вели, важно е кој ги има членовите, а не печатите.

Извор: telma.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк