Connect with us

Македонија

Шаќири: Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена

Откако утрово со решение на Министерствто за култура, беше сменета од функцијата в.д директор на театар „Комедија“, Нора Шаќири Марковиќ попладнево се огласи на социјалните мрежи. Вели има обврска пред себе и пред сите да образложи под какви околности денеска е разрешена.

Никој не е роден директор, не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист. Јас бев спремна и театар „Комедија“ се издигна над сите црни облаци кои го надвајсаа, вели таа.

ИЗДИГНА НАД СИТЕ ЦРНИ ОБЛАЦИ КОИ ГО НАДВЈАСАА

Ќе бидам кратка и јасна:

Како директор поведов дисциплинска постапка за вработен кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати. По анонимна пријава за мобинг пратена до заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, министерот Љупчо Николовски, во театарот дојде вонреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд, кој донесе записник во кој се наведува дека Инспекторатот на труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Закон за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до ДКСК како надлежен орган. Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен, објаснува Шаќири Марковиќ.

Она што е моја гордост, додава, е тоа дека работев согласно закон, дека ја имам безресервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот.

Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас ГОРДА СУМ НА СЕ ДО СЕГА НАПРАВЕНО ГОРДА СУМ НА ТОА ДЕКА КОНЕЧНО ВО ТЕАТАРОТ СЕ ВРАТИ КОМУНИКАЦИЈАТА, РАЗБИРАЊЕТО И ПОЧИТТА МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ. Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение.. Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме ТЕАТАР КОМЕДИЈА ВО ПОЛН СЈАЈ Во театар комедија се ширеше љубов, а не омраза Ви благодарам и на останатите за поддршката, порачува таа.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, донесе одлука за престанок на мандатот на в.д. директорката, по добиениот Извештај од Државниот инспекторат за труд. На нејзино место е поставена Магдалена Ризова Черних.

Вработените во театарот, пак, попладнево соопштија дека не се согласуваат со одлуките на Министерството за култура

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading

Македонија

Чучуљ: Комисијата за борба против корупција ќе постапува без разлика на политичката припадност

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, истакна дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе постапува секогаш кога има основ за тоа, без разлика дали сигналите доаѓаат од власта, опозицијата или граѓански организации.

– Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, било да е од политички партии, здруженија на граѓани или медиуми. Ќе ги следиме сите јавни настапи и секогаш каде има основ за постапување, ќе постапуваме. Сепак, треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети за истраги се ограничени, појасни Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на „Сител“.

Во врска со најавите на опозициската СДСМ за објавување на снимки за наводни коруптивни активности на власта, Чучуљ рече дека Комисијата ќе ги разгледува сите случаи каде постои основ за постапување.

На прашањето за можноста да се ревидираат предметите од мандатот на претходната претседателка, Чучуљ рече дека нема потреба за тоа бидејќи сите одлуки биле донесени на јавни седници со мнозинство гласови. Дополнително, тој појасни дека распределбата на предметите е електронска и се врши според принципот на ротација, што ја елиминира можноста за влијание од страна на претседателот.

– Претходната претседателка ја смени распределбата на предметите во позитивна насока – по случаен избор, наместо по азбучен ред, што значи дека системот ги распределува предметите без влијание на претседателот, подвлече Чучуљ.

За својот избор за претседател и едногласната поддршка од пратениците, Чучуљ рече дека е изненаден и благодарен и ја гледа оваа поддршка како морална и професионална обврска да ја оправда довербата.

Тој најави и поголема транспарентност кон медиумите, со редовни брифинзи по една или две седници и подготовка на нова стратегија за соработка со јавноста.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг