Ракометарите на Вардар направија значаен исчекор кон враќање на шампионската титула во Скопје, откако синоќа, на исклучително драматично гостување, го совладаа актуелниот првак Пелистер со 35-34.
Одлучувачкиот погодок го постигна Дмитро Хориха во последните мигови од натпреварот, со вистинска „бомба“ од десет метри, оставајќи го немоќен голманот Никола Митревски и носејќи еуфорија кај вардаровите ракометари и верните Комити во салата „Боро Чурлевски“.
По натпреварот за жал дојде и до мали инциденти во кои учествуваа ракометарите на двете екипи.
Авторот Ѓорги Минов со коавторскиот истражувачки тим составен од двајца стручни соработници Томислав Шескокалов и Ристо Сугарев како и рецензентот м-р Димитррија Андонов за прв пат на Велес му подарија исклучително значајно пишано дело поточно Монографија за најмасовната спортска дисциплина, фудбалот во Велес. На 206 страници, во колор техника, оваа значајна книга, опширно и сеопфатно го обработува во детали фудбаскиот живот на десетици истакнати фудбалери во генерациите, од 1919 до 2019 година, кои играле на игралиштата во Велес, во државата и во странство, ги бранеле боите на државата со игра или во тренерското столче на македонската репрезентација или биле Велешани кои вложиле дел од својот живот во развојот на оваа спортска дисциплина. Историската Монографија содржи и голем број на фотографии, сочувани од спортистите, од ветераните, спортските легенди, судии кои се живи или од семејствата на дел од нив кои не доживеаја да бидат современици на издаденото книжевно дело како и од бројни пријатели на фудбалот на кој Велешани му го даваат почесното прво место во сооднос со останатите спортови.
Монографијата „100 години фудбал во Велес“ вчера вечер беше промовирана во хотел Романтик, на езеро „Младост“ во присуство бројни фудбалери, велешки фудбалски ветерани, легенди, спортски функционери и поддржувачи. Авторот Ѓорѓи Минов ја имаше улогата на промотор.
Претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панче Ќумбев е уредник на изданието. За Ќумбев целта на издавањето на монографијата е да ја прикаже историјата на фудбалот во Велес и да им остави во наследство на помладите генарции значајни податоци и фотографии за развојот и постигнувањето на спортот којшто одбележува повеќе од еден век постоење во градот.
Првите честитки за издавањeто на Монографијата, за авторот, за уредникот и за стручните соработници стигнаа од поранешниот фудбалер, велешка и македонска легенда Мирсад Јонуз кој во своето обраќање истакна дека голема сатисфакција за него претставува што е дел од велешката фудбалска историја.
Своето задоволство од историскиот исчекор, да се забележи се што се случувало во фудбалот во Велес од неговите почетоци се до 2019 година, го соопшти и велешката фудбалска легенда Перо Ранготов.
Помеѓу присутните на синоќешната промоција беа и најсестраната спортска велешка легенда Тодор Мијаков, нешто помладата фудбалска легенда Трајче Ковачев потоа уште помладите Пепи Манасков и Мирсад Јонуз, како и бројни други познати фудбалери, судии, спортски работници, коишто се сеуште актуелни или се ветерани.
Монографијата „100 години фудбал во Велес“ е издадена во 300 примероци.
Лука Модриќ на прагот на трансфер во Интер Мајами: Меси го поканува да му се придружи
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, би можел да ја заврши својата кариера во МЛС лигата, и тоа во редовите на Интер Мајами. Главниот поддржувач на овој потенцијален трансфер е самиот Лионел Меси, капитенот на американскиот клуб, кој активно се труди да го убеди Модриќ да се приклучи на тимот.
Интер Мајами, кој е во сопственост на бившиот фудбалски ас, Дејвид Бекам, веќе подолго време има интерес за привлекување на Модриќ, но сега целата ситуација добива нова димензија благодарение на Меси, со кого Модриќ има силна взаемна почит.
Според информации од странски медиуми, Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, скоро сигурно нема да продолжи да ја носи „кралската“ опрема следната сезона. Се очекува да се случи летна реконструкција на тимот, а неговата улога веќе нема да биде централна.
Се додека се спрема за својата последна голема сцена, Модриќ сака да остане во добра форма пред претстојното Светско првенство 2026, кое најверојатно ќе биде негов последен настап на најголемата фудбалска сцена, со оглед на тоа што ќе има 40 години.
Интер Мајами планира да го доведе Модриќ уште ова лето, со цел да биде подготвен за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи токму во САД. Модриќ ќе се приклучи на поранешни ѕвезди на Барселона – Лuis Суарез, Серхи Бускетс и Жорди Алба, создавајќи искуствени и атрактивни темели на тимот.