Connect with us

Uncategorized

Денеска се слави Свети Ѓорѓија – За многу години име и куќна слава

Published

on

Православните верници денеска, на 9 декември, го празнуваат посен свети Ѓорѓија.

Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници.

Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга.

Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители.

На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан.

По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не и спаси не. Амин!

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк