Connect with us

Приказни

Живoтoт ни e aгoнијa, тaткo ми eм има kaнцep, ем е тeпaн, ем е тужeн

Published

on

Актерот Стефан Петровски и сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, тврди дека целото негово семејство е под огромен психолошки стрес и доживува траума, затоа што неговиот татко, Бранислав Петровски откако беше претепан и му беше скршен черепот, сега добил и приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој на суд го признал тепањето. Згора на се, претепаниот човек, со години се бори со канцер и прима хемотерапија.

Кривичниот суд Скопје, врз основа на признание на вина, го осудил бизнименот три години условна казна, затоа што со умисла тешко телесно го повредил Бранислав Петровски додека тој со џогер го чистел плочникот пред својот бизнис. Тогаш бизнисменот ја зел в раце металната табла пред дуќанот и му ја фрлил до влезот. Потоа Бранислав Петровски му се обратил со зборовите „Ти не си тој што треба да ми каже дали треба да поставам реклама или не“. Потоа, според пресудата, бизнисменот почнал да го удира со тупаници по главата и лицето, по што Петровски се здобил со набијна повреда, скршеница на јаболчната коска, скршеница на синусот со крвен излив на него, крвен подлив под левото око и истекување на течност низ носот.

Во пресудата пишува дека бизнисменот се кае и дека му е жал што се вовлекол во таква состојба и изречена му е условна казна од три години. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, бизнисменот приватно кривично решил да го гони истепаниот Бранислав Петровски. Притоа, како што тврди синот на претепаниот скопјанец, Стефан Петровски, – бизнисменот бил и да извади лекарско уверение кое се однесува за истиот настан, и тоа го направил месеци откако настанот завршил.

Тој е разочаран од правдата во државата, и прашува како за ист настан може да има две пресуди, едната дека бизнисменот го тепал татко му, а втората да се води постапка дека сеслучило обратно.

Целиот видео разговор со актерот Стефан Петровски во кој тој ја раскажува семејната агонија, погледнете го во продолжение Слободен печат.

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк