Connect with us

Забава

Jaпoнцитe измиcлија тeлeвизop штo ce лижe (ФOТO)

Published

on

Јапонски професор разви прототип на ТВ-екран што можете да го лижете и кој може да го имитира вкусот на храната, што е уште еден чекор кон создавање на мултисензорно доживување при гледање.

Уредот наречен Taste the TV (TTTV) користи мала вртелешка од 10 садови со вкусови, кои во комбинација создаваат вкус на одредена храна. Примерокот за вкус потоа се тркала на хигиенска фолија преку рамен ТВ екран за гледачот да проба.

-Во ерата на корона, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, рече Хомеи Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.

„Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како јадење во ресторан на другата страна на светот, дури и додека седат дома“, рече тој.

Мијашита работи со тим од околу 30 студенти кои произведоа различни уреди за ароматизација, вклучително и вилушка што го прави вкусот на храната побогат.

Овој уред може да се применува и за учење на далечина за дегустаторите на вина или готвачите, како и за игри и квизови во кои би се пробувале вкусови.

Мијашита истовремено е во преговори со компании за неговата технологија да се користи во уреди кои би можеле да внесат вкус на пица или чоколадо на парче препечено лепче.

Јуки Хоу, студентка на Универзитетот Меиџи, им го демонстрира TTTV на новинарите, кажувајќи му на екранот дека сака да проба чоколадо. По неколку обиди, автоматскиот глас ја повтори командата и млазниците за вкус го понудија примерокот на пластичната плоча.

– Ова е како млечно чоколадо. Слатко како чоколаден прелив, рече Хоу.

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк