Connect with us

Забава

(Фотогалерија) Талибанци, Кастриот, Стојанче, вакцинални пунктови дел од маските на Вевчанскиот карневал

Published

on

Талибанци во акција, инвестиции во струјата, зелена енергија, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, беа само дел од маските што денеска продефилираа низ вевчанските улици во рамките на Вевчанскиот карневал.

Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоинти, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите во земјава, а неизоставен дел се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, но и други маски со секојдневни и несекојдневни содржини.

Градоначалникот Спасе Кочовски претходно соопшти дека василичарите не сакаат никого да навредат, ниту да повредат никакви национални или верски чувства, туку само ја прикажуваат годината што измина на сатиричен и хумористичен начин и на нив не треба да се гледа суетно.

– Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Сите оние негативни работи што ќе ги видите тука, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се во навредлива форма, туку прикажуваат онаков каков што можеби не сакате да се видите во текот на годината и сте биле онаков како што ќе се видите преку маските на василичарите, нагласи Кочовски.

Карневалското дефиле го следеше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со очекување дека ќе преовладува весел дух, а на вевчанци им посака успешни карневалски денови. На новинарско прашање дали очекува неговиот лик да го види меѓу маскираните, рече дека ја поздравува сатирата и ги охрабри вевчанци да бидат што покреативни.

– Што се не поминав овие последни четири години, така што ништо нема да ме изненади од недобро намерните, а знам дека тие луѓе се таму сите добро намерници, така што сатирата на денешниот карневал ја поздравувам и ја поддржувам и оваа традиција треба да продолжи. Така што не сум од оние луѓе коишто лесно се навредуваат. Напротив, ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни, изјави Мицкоски.

Според традицијата, двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски продолжуваат со дефиле низ вевчанските улици. Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, манифестацијата завршува на 14-ти, попладне со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Забава

„И ДВАЈЦАТА МАЖИ ТИ СЕ СРБИ“ Аца Лукас го откажа дуетот со Северина поради нејзините изјави за Србите

Published

on

Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.

Српскиот пејачот Аца Лукас го осуди страшниот говор на омраза на Северина Вучковиќ кон Србите, нарекувајќи ја хрватската пејачка „обична будала“, пишува српски „Курир“.

Прво, Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.

– Северина е една обична будала. Ова е жена која си дозволила себеси да прави работи кои не надвор од паметот. Тоне сè подлабоко и подлабоко… го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти, кукло моја, да оправдуваш вакво плукање  за еден народ, а двајцата мажи ти се Срби. Еден од нејзините сопрузи е Србин. Нејзиниот втор сопруг е Србин – вели Лукас, а потоа додава:

– Ајде, како ќе им го објасни сето тоа на своите. Што зборуваш, а половина живот си го поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше завршена, но таа го започна со сето ова… – изјавил Аца Лукас во еден поткаст.

Да потсетиме, пејачката Северина не престанува да зборува негативно за Србите во своите јавни настапи. Таа во интервју за босанскиот портал „Кликс“ даде неколку скандалозни изјави против Србија и Србите додека зборуваше за случајот од август кога беше запрена на српската граница на проверка, што беше редовна процедура, по што и беше дозволено да влезе во Србија, но самоиницијативно се врати во Хрватска.

Continue Reading

Забава

Како изгледаат денес девојките од „Чувари на плажата“?

Published

on

Деведесеттите години беа обележани со серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), која ги направи светски познати глумците и глумиците во улога на спасувачи на плажа. Ликовите како Си Џеј Паркер, која ја играше Памела Андерсон, и Саманта Томас, која ја толкуваше Александра Пол, останаа запаметени како икони на тоа време.

Денес, девојките од серијата се повозрасни, но и понатаму се инспирација за многумина. Некои од нив се уште се активни во шоу-бизнисот, додека други се повлекоа од јавната сцена и се посветија на лични проекти. Памела Андерсон, на пример, често е активистка за правата на животните, додека Јасмин Блит води повлечен живот надвор од медиумите.

Серијата останува култен хит, а актерките докажуваат дека времето само додава на нивната харизма и уникатност.

Continue Reading

Забава

Љубов кон Македонија во латино изведба – Вирално се шири настапот на Ева Карамановска

Published

on

Прекрасен настап на светското првенство во латино танци во изведба на Ева Карамановска. 

Младата танчерка облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи. 

Скопје, поточно Спортскиот центар „Борис Трајковски“ изминатиот викенд беше домаќин на Светското првенство во Латино танци Скопје 2024. 

Емоција која вреди да се доживее! Погледнете го настапот! 

https://www.facebook.com/share/v/1GbadUUjyS/?mibextid=WC7FNe

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк