Connect with us

Македонија

Ковачевски: Невработеноста на младите е намалена на 28,3 проценти

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на настан „Социо-политичко учество на младите“ на кој беа презентирани резултати од телефонска анкета на младите, а во организација на Фондацијата Вестминстер.

„Убаво е кога имаме можност да го слушнеме гласот на новите генерации. За нас како Влада е многу важно отворено да зборуваме за барањата, сугестии и иницијативите на младите. Токму овој инпут, што како претставници на институциите го добиваме директно од вас младите, ни дава можност да бидеме се подобри и попрецизни во исполнувањето на вашите очекувања. Тоа е вашиот придонес за креирањето на политики кои се однесуваат на сегашните и на идните генерации“, рече премиерот Ковачевски во обраќањето.Премиерот Ковачевски истакна дека Владата има слух и демократски капацитет и развива системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите. Меѓу овие постигнувања се: посебниот Закон за младинско учество и младински политики, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, Гаранцијата за млади, преку донесувањето и имплементацијата на Законот за практиканство, но и Законот за младински додаток. Овие законски решенија Владата покажа дека благосостојбата на младите и нивното учество во општествениот живот и во креирањето на политиките се врвен приоритет.

Премиерот посочи дека токму како резултат на системските решенија од 43,2% во 2015 година невработеноста на младите сега е намалена на 28,3%. Во континуиран дијалог со студентите и средношколците се донесени мерки со кои се јакне студентскиот и ученичкиот стандард. Во моментот над 36.000 студенти користат субвенциониран студентски оброк во износ од околу 3.000 денари месечно, а за речиси два пати ги зголемивме студентските и ученички стипендии и воведовме нови видови стипендии.

„Сето ова го кажувам единствено како поттик за сите нас заедно да работиме уште повеќе и посериозно на сето она што ќе ви овозможи да си ги остварите соништата тука, дома. На сите нам ни е јасно дека за да се случи тоа, треба да се работи и на приоритети како што се владеење на право, економска и социјална стабилност, еднакви можности за сите и здрава животна средина. Стојам на девизата дека само младите знаат што е најдобро за нив и затоа и понатаму остануваме ваши сојузници и партнери во креирањето општество во кое ќе има место за сите да си го остварат целосниот потенцијал“, рече премиерот Ковачевски.

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк