Connect with us

Технологија

Буквално го закопаа Internet Explorer

Published

on

Internet Explorer замина во историјата, а за тоа и е особено жал на Јужна Кореја, која до последниот ден се потпираше на тој прелистувач. Во таа земја, Internet Explorer доби споменик.

Споменикот го постави Јунг Ки-Јонг, јужнокорејски софтверски инженер. Во спомен на смртта на Internet Explorer, тој помина еден месец дизајнирајќи споменик. Дизајнот го чинел 430.000 вони (околу 320 евра).
„Тоа беше добра алатка за преземање други пребарувачи“, се вели во споменикот.

Откако Explorer престана да работи, фотографијата од споменикот стана вирална. Јунг вели дека сакал да ги насмее луѓето со споменикот, но сепак е изненаден од тоа колку тој станал популарен.

„Тоа е уште една причина да му се заблагодарам на Explorer, сега ми дозволи да се шегувам низ целиот свет. Жал ми е што го нема, но нема да ми недостига. Така што неговото заминување е добра смрт за мене“, изјави Јунг за Ројтерс.

Јунг рече дека овој пребарувач одиграл голема улога во неговиот бизнис.

„Тоа беше мачење, но јас би го нарекол врска љубов-омраза бидејќи Explorer доминираше во една ера“, рече тој. Неговите клиенти постојано бараа од него да се погрижи нивните веб-страници да изгледаат добро во Explorer, кој со години беше стандардниот пребарувач во канцелариите на јужнокорејската влада и многу банки.

Технологија

Уште малку па готово: Проверете дали останувате без WhatsApp

Published

on

Ако сè уште користите стар телефон, време е да проверите дали наскоро ќе останете без апликацијата WhatsApp.

Од 5 мај, популарната апликација за размена на пораки престанува да работи на одредени постари модели на телефони.

Оваа промена е дел од редовното одржување и безбедносни ажурирања, а целта е да WhatsApp остане доверлив, безбеден и компатибилен со поновите верзии на оперативни системи.

Иако нема да погоди голем број на корисници, некои сепак ќе мораат да кажат “збогум” на WhatsApp. Или барем на својот стар телефон, пренесува Metro.

Ако користите iPhone, WhatsApp повеќе нема да работи на iOS верзии постари од 15.1, што значи дека следните модели “паѓаат од игра”: iPhone 5s, iPhone 6 и iPhone 6 Plus.

Овие телефони, претставени пред повеќе од 11 и 12 години, може да се ажурираат максимум до iOS 12.5.7, што веќе не е доволно за да апликацијата работи.

Ако не сте сигурни која верзија имате, проверете ја вака: Поставки (Settings) → Општо (General) → Информации (About) → погледнете ја верзијата на iOS.

Што се однесува до корисниците на Android, WhatsApp веќе на 1. јануари 2025. ја прекинал поддршката за сите уреди со Android KitKat и постари верзии, а сега е позната и листата на конкретни модели кои веќе не се поддржани:

Samsung:

Galaxy S3

Galaxy Note 2

Galaxy Ace 3

Galaxy S4 Mini

Motorola:

Moto G

Moto E 2014

Razr HD

HTC:

One X

One X+

Desire 500

Desire 601

LG:

Optimus G

Nexus 4

G2 Mini

L90

Sony:

Xperia Z

Xperia SP

Xperia T

Xperia V

Continue Reading

Технологија

iPhone ќе чини 2300 долари?! Тарифите на Трамп ја креваат цената до небо!

Published

on

Вашиот омилен iPhone наскоро би можел значително да поскапи, благодарение на новите тарифи воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Овие тарифи, кои ги погодуваат бројните земји ширум светот, можат драстично да ја променат глобалната трговија, а iPhone може да биде еден од најпогодените производи. Аналитичарите предупредуваат дека цената на iPhone може да се зголеми за 30% до 40%, ако Apple реши да ги пренесе трошоците на клиентите.

Зголемување на цените поради кинеските царини

Повеќето iPhone уреди сè уште се произведуваат во Кина, која моментално е погодена од тарифи до 54%. Доколку овие тарифи останат на сила, Apple ќе се соочи со тежок избор: да ги апсорбира дополнителните трошоци или да ги пренесе на крајните купувачи. Акциите на компанијата паднаа за 9,3% во четвртокот, што беше најлошиот ден на Apple од март 2020 година.

Според проценките, Apple продава повеќе од 220 милиони iPhone уреди годишно, со најголемите пазари вклучувајќи ги САД, Кина и Европа. Во таква ситуација, компанијата може да биде принудена значително да ги зголеми цените на своите уреди.

iPhone 16 и 16 Pro Max: Потенцијален скок на цените

Најновиот модел на iPhone 16, кој моментално е достапен во САД по цена од 799 долари, би можел да поскапи за дури 43% – до 1.142 долари, ако Apple реши да ги пренесе трошоците на крајните клиенти. Скапиот iPhone 16 Pro Max, со екран од 6,9 инчи и простор од 1 терабајт, кој моментално чини 1.599 долари, би можел да достигне цена од 2.300 долари.

Овие проценки доаѓаат од аналитичката компанија Rosenblatt Securities, која предупредува дека таквиот скок на цената може драстично да влијае на продажбата на уредите, особено на пазарите каде Apple веќе бележи пад на побарувачката.

Тарифите на Трамп: Промени во стратегијата

За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп воведе царини за многу производи од Кина, обидувајќи се да ги охрабри американските компании да го пренесат производството во САД или соседните земји, како Мексико. Apple тогаш успеа да ги избегне најтешките последици, обезбедувајќи исклучоци за некои производи. Сепак, овој пат Трамп не даде исклучоци за Apple, што значи дека компанијата ќе мора да се соочи со целосното влијание на тарифите.

„Сега целата ситуација со кинеските тарифи оди спротивно на нашите очекувања дека Apple ќе биде третиран со посебно внимание, како што беше порано“, рече Бартон Крокет, аналитичар во Rosenblatt Securities.

Пад на побарувачката и критики за новиот iPhone

Новите модели, вклучувајќи го и iPhone 16e, кој беше лансиран како попристапна опција со пакет на функции за вештачка интелигенција, исто така би можеле да бидат погодени од овие зголемувања на цените. iPhone 16e, кој моментално чини 599 долари, според проценките на аналитичарите, би можел да поскапи на 856 долари. Другите производи на Apple исто така би можеле да доживеат значително зголемување на цените.

Иако Apple ја подобри функционалноста на своите уреди, аналитичарите забележуваат дека новите функции, како што е Apple Intelligence, која им помага на корисниците да организираат известувања и да пишуваат е-пошта, делумно ги импресионирале корисниците. Експертските прегледи сугерираат дека овие иновации не се доволно привлечни за да ја оправдаат надградбата на понови модели, што може дополнително да ја забави продажбата.

Стагнантна продажба: Што значи тоа за Apple?

И покрај преселувањето на одредено производство во Виетнам и Индија, iPhone-ите сепак главно се произведуваат во Кина, која е погодена од високите царини. Аналитичарите тврдат дека Apple ќе мора да ги зголеми цените за најмалку 30% за да ги надомести увозните давачки.

Остриот скок на цените може негативно да влијае на побарувачката за iPhone уреди, што ги прави помалку конкурентни со уредите од други брендови, како што е Samsung, кој е од Јужна Кореја – земја со пониски тарифи за производи во споредба со Кина.

Можни последици за Apple

Доколку Apple биде принуден да ги зголеми цените во согласност со новите тарифи, аналитичарите предупредуваат дека тоа може да има сериозни финансиски последици за компанијата. Бартон Крокет од Rosenblatt Securities предупредува дека тарифите би можеле да го чинат Apple и до 40 милијарди долари.

„Тешко е да се замисли дека Трамп ќе уништи американска икона како Apple, но ситуацијата е навистина сериозна“, заклучува Крокет.

Continue Reading

Технологија

Компанијата позади ChatGPT собра 40 милијарди долари во новото финансирање, една од најголемите инвестиции, еве за што ќе се користат

Published

on

SoftBank ја води инвестицијата а вредноста на компанијата достигна 300 милијарди долари.

Вредноста на стартапот се удвои во однос на октомври минатата година, со што сега е меѓу трите највредни приватни компании во светот

OpenAI објави дека го завршил инвестицискиот циклус, предводен од јапонската група SoftBank, обезбедувајќи 40 милијарди долари (37 милијарди евра), што претставува едно од најголемите вложувања во историјата на приватните стартапи. Ова ја зголеми вредноста на OpenAI на 300 милијарди долари (277,6 милијарди евра), што е речиси двојно повеќе во однос на 157 милијарди долари во октомври.

Компанијата сега се наоѓа меѓу највредните приватни компании на светот, покрај SpaceX и ByteDance, сопственикот на TikTok, јавуваат медиумите.

SoftBank планира да инвестира 30 милијарди долари, додека преостанатите средства ќе бидат обезбедени од инвеститори како Microsoft, Coatue, Altimeter и Thrive. Сепак, ако OpenAI не изврши реструктуирање до крајот на годината, инвестицијата на SoftBank може да се намали на 20 милијарди долари.

Компанијата најави дека ќе ги искористи собраните средства за „натамошно поместување на границите на AI истражувањата“ и за развој на општа вештачка интелигенција која ќе користи на целото човештво.

Нов модел на вештачка интелигенција како одговор на конкуренцијата

OpenAI исто така најави дека ќе лансира појдовен и пристапен модел на вештачка интелигенција во наредните месеци.

„Долго време размислувавме за ова, но други работи имаа приоритет. Сега е вистинскиот момент“, напиша извршниот директор Сем Алтман на платформата X.

Новата верзија на моделот, која ќе биде конкурент на DeepSeek и Llama моделот на Meta, ќе се оддалечи од претплатничкиот модел на ChatGPT. Со понудата на продукт со отворени параметри, ќе им овозможи на програмерите да го прилагодат моделот според своите потреби.

Меѓутоа, моделот не ќе биде потполно отворен код, што би дозволило изградба на AI системи од нула. Додека критичарите предупредуваат на ризиците од отворени AI системи, поранешниот инвеститор Илон Маск го поддржува ваквиот пристап, повикувајќи го OpenAI да се „врати на отворениот, безбедносно насочен пристап кој порано го поддржуваше“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк