Connect with us

Балкан

(Видео) Невремето отиде во Врање

Published

on

Силно невреме пропратено со пороен дожд, град и грмежи попладнето го зафати Врање и јужна Србија.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека многу улици се непроодни поради големата количина на дожд која падна за кратко време.

Многу граѓани не можеа да излезат од куќите и од влезовите, а автомобилите им беа до тркала во вода.

Балкан

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Published

on

Денеска се случи драматичен инцидент во Источно Сараево, каде припадници на државната Агенција за истраги и заштита (СИПА) се обиделе да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Сепак, акцијата беше спречена од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кое интервенираше и ги спречи агентите на СИПА да влезат во зградата на Административниот центар на Владата на РС.

Инцидентот се случил додека Додик имал средба со претставници на Градот Источно Сараево. Според информациите на Klix.ba, полицијата на РС со долги цевки се поставила пред зградата и физички ја блокирала акцијата, што медиумите во БиХ веќе го оквалификуваат како „вооружен бунт“.

Од СИПА потврдиле дека се обиделе да постапат по наредба на Судот на БиХ, но истакнале дека за време на настанот не била употребена сила.

Овој развој на настаните уште еднаш ја отвора темата за затегнатите односи меѓу државните и ентитетските институции во БиХ, и фрла светло врз сѐ покомплицираната политичка ситуација во земјата.

Од средината на март годинава, за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на парламентот Ненад Стевандиќ, и премиерот на РС, Радован Вишковиќ, е распишана централна потерница. Причината е нивното непојавување на распит пред Обвинителството на Босна и Херцеговина, и покрај официјалниот повик.

Овие високи функционери се осомничени за напад врз уставниот поредок на БиХ – сериозно обвинение што дополнително ги влошува веќе тензичните односи меѓу државното и ентитетското ниво на власт.

Судот на БиХ веќе побара од Интерпол да ја преиспита својата одлука со која претходно беше одбиено издавање на црвена потерница за раководството на Република Српска. Сега се чека дали оваа постапка ќе биде ревидирана и какви ќе бидат понатамошните чекори на меѓународно ниво.

Continue Reading

Балкан

ИЗБЕГНАТ СУДИР: Обид за апсење на Додик заврши неуспешно откако негови специјалци се појавија вооружени до заби

Published

on

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска пристигнаа во Административниот центар на Владата на Република Српска во источно Сараево, каде во тоа време беше претседателот на РС Милорад Додик.

Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска се спротивставиле на таа акција.

– Како што беше видливо на лице место, припадниците на МУП на РС излегоа со долги пушки и на тој начин ги запреа. Ова кривично дело извршено од припадници на МУП на РС треба да се оквалификува како „Вооружен бунт“, објавија босанските медиуми.

Познато е дека Судот на Босна и Херцеговина претходно распиша централна потерница за Милорад Додик, како и за премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

Да потсетиме, Додик претходно во текот на денот пристигна во Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што вечерва ќе одржи средба со градоначалникот и раководителите на општините кои го сочинуваат градот Источно Сараево.

Пред тоа Додик престојуваше во Шековиќи каде во 16 часот присуствуваше на состанокот по повод почетокот на гасификацијата на источниот дел на Република Српска. Средбата се одржа во општинската зграда, како што претходно соопшти Кабинетот на претседателот.

Continue Reading

Балкан

Голем број повредени во земјотресите во Истанбул

Published

on

Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“.

-Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви.

Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сите државни институции се во состојба на готовност и будно ја следат состојбата.

-Тимовите за итни случаи ја проценуваат ситуацијата на терен „со најголема грижа“, додаде тој. „Фала му на Бога, во моментов нема критична ситуација“, рече Ердоган.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк