Ноне Неделковска, шарматната пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“ се врати во Македонија, на одмор. Таа веќе 10 години работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации. Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија сношти со аплауз ја поздрави, додека седеше на едно од ВИП местата со пријатели.
Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележа и ја поздрави пред публиката.
-Ноне се вратила во Македонија, да ја поздравиме со еден голем аплауз“, рече Атанасовски, по што Ноне изненадено стана и ѝ мафна на публиката. „Мафтај како англиската кралица“, рече Димитар на шега потоа.
Со Ноне кратко разговаравме и позираше за Женски магазин по настапот на ДНК, за време на настапот на Игор Џамбазов. Воопшто не се сменила од времето кога настапуваше на домашните фестивали.
-Ме изненади кога Димитар ме поздрави. Ќе пропаднев во земја, непријатно ми беше“, ни рече Ноне. Ја прашавме за тој феномен, како кај публиката и во медиумите е уште актуелна, а долго време не се занимава професионално со музика.
-Не знам, често се чудам и јас како ме паметат луѓето. Немам планови да ѝ се вратам на музиката засега. Дојдов дома, во Велес, да одморам, и за еден месец се враќам на брод. Ќе одиме на Карибите“, ни рече Ноне.
-Ми фалеше сето ова. Луѓе, публика, оваа атмосфера. Уживав во настапот на ДНК и на Игор, и вака е најдобро, да си публика на концерт. Имам малку време да се видам со семејството и со сите драги луѓе додека сум дома, овде дојдов со пријатели“, ни раскажа таа.
-Работам на брод како советник за убавина во фришоп. Првпат заминав во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик. Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму. Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот. Сакав промени, затоа се одлучив да заминам. Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков – и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!? Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања. Слушај и читај зли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап. Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски магазин Ноне во претходно интервју. За овие десет години, таа посетила повеќе земји, и вели дека имала незаборавни искуства.
Кошаркарот Ти Џеј Шортс, кој настапува за македонската репрезентација од 2022 година, ја запроси својата девојка. Шорц е најкорисен играч во претходниот месец во Евролигата, а се истакнува на речиси секој натпревар за својот клуб.
Фотографиите од запросувањето беа објавени на Твитер. Кошаркарот се погрижи да и’ приреди прекрасно изненадување во Париз на својата избраничка, а луѓето најмногу коментираа на прстенот.
Инфлуенсерите денес се соочуваат со сериозни последици поради драстични и контроверзни потези кои ги преземаат за да го зголемат своето присуство на интернет. Еден од најновите и најконтроверзни настани се случи кога инфлуенсерката Викторија Роуз, позната по својот кориснички прекар “Whoa Vicky”, признала дека лажела за своето наводно киднапирање во Нигерија.
Инцидентот започна кога се појавија твитови во кои се тврди дека Роуз била киднапирана и дека нејзиното ослободување ќе биде возможно само ако се плати откуп од еден милион долари. “Ја киднапирав Вики. Таа е со мене во Нигерија. Барам 1 милион долари за нејзино ослободување”, гласеше еден од твитовите.
Меѓутоа, многу брзо потоа Викторија призна дека целата ситуација била измислена. За време на преносот во живо на Инстаграм, таа открила дека сака само да се забавува и да се шегува, додавајќи дека не пие алкохол и не оди во клубови, па ова беше нејзиниот начин да се забавува. “Библијата вели дека смеењето е добро за душата”, додала таа, оправдувајќи ја својата постапка со верска референца и објаснувајќи дека има ограничени можности за излегување поради нејзините христијански вредности.
Нејзиниот потег наиде на жестоки критики од јавноста, а многу корисници ја обвинија дека со оваа лага сериозно ја нарушила довербата во такви случаи. “Да лажеш дека те киднапираат е навистина одвратно!”, напишал еден од коментаторите. Викторија, сепак, останала на својот став, кажувајќи дека се сожалува за луѓето што можеби биле повредени од нејзината шега, но истовремено ја презела целосната одговорност за своето однесување.
Не е првпат да се случи ваков случај, бидејќи и во 2023 година 26-годишната медицинска сестра Карли Расел ја лажела својата киднапираност. Таа ја пријавила својата исчезнатост и, иако полицијата веднаш започнала потрага, многу брзо се открило дека се работи за измама. Расел подоцна признала дека воопшто не била киднапирана, туку дека целата ситуација била измислена.
Овие инциденти се сериозен потсетник за границите кои инфлуенсерите поставуваат во обидот да стекнат внимание и популарност на интернет, што често може да има сериозни последици и за нив и за нивната публика.
Со години наназад ударниот термин на речиси сите национални телевизии е резервиран за турски серии.
Се очекува овој тренд да продолжи и во 2025-та, иако од Туркије пристигнуваат и не така добри вести.
Тамошните медиуми пишуваат за криза во тамошната ТВ-индустрија.
„Приходите од реклами се намалени за половина оваа година и многу серии во Турција по кратка постапка се финализирани“, пишува „Хаберлер“.
Повикувајќи се на добро упатени извори, истиот портал пишува дека продуцентите донеле конечна одлука годинава да се прекине емитувањето на дури 13 серии. Осум од нив само што почнаа да се емитуваат, а останатите пет ќе финишираат заклучно со нивната втора сезона.