Connect with us

Македонија

Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници, почетна плата 25.000 денари

Published

on

Македонија наскоро ќе има нови 200 професионални војници. Имено, министерството за одбрана денеска објкави јавен оглас за прием на 200 нови припадници на АРМ. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава.

– Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: javenoglaspfv@morm.gov.mk и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Македонија

Владата подготвува одлука: Министер и директор ќе бидат разрешени!

Published

on

По враќањето на премиерот од ОАЕ ќе бидат разрешени функционерите опфатени со истрагата за Кочани, велат од Владата за Канал 5.

Во однос на истражните дејствија информираме дека како Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока како Влада ги резгледуваме сите процедури и правила кои ни стојат на располагање.

-Во интерес на постапката ве информираме дека по враќањето на премиерот од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати лицата кои се опфатени со истрагата ќе бидат разрешени , велат од Владата за Канал 5.

Инаку, меѓу новоосомничените за пожарот во Кочани се екс директорот на ДЗС а сега актуелен министер без ресор Шабан Салиу кој доби ефективен притвор и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами кој доби куќен притвор.

Continue Reading

Македонија

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ОДЗЕМА АКРЕДИТАЦИЈА ПО КОНСТАТИРАНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Published

on

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија.

Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти, ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои:
· Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра.
· Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација.

Во моментов се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво. Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди.

Ги уверуваме сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Директор,
д-р Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол

Published

on

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол.

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк