Connect with us

Македонија

Ковачки „ја потепа“ Славјанка: Вработувате лица приведени за тешка кражба и трајна ограниченост како ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ

Published

on

Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија во дебата со министерката за одбрана Славјанка Петровска и достави документ во кој што стои дека во армијата се примени професионални војници, а се некомпетентни и со законски пречки, порачувајќи и дека и самиот генерал на Армијата на Република Македонија во дописот се сомнева во приемот на истите.

-Изнесов информации дека се дава 3500 евра, односно 5000 евра за мисии односно за прием на професионални војници како и унапредување, односно војници во под офицери. По моето објавување на јавниот настап во собранието каде што не беше министерката за одбрана, таа сума по наши сознанија беше зголемена на 6000 евра. Во министерството за одбрана постои една организациона единица која се нарекува воена служба за безбедност и разунавање, чија што законска надлежност по член 135 е да гони сторители на кривични дела во одбраната, и тие лица ги овластува министерот за одбрана, истакна тој.

„Ова пред мене е документ е од Генерал штабот неквалифициран документ потпишан од генерал, изработен од подофицер, контролирал потполковник, го одобрил полковник, а е согласен друг полковник со тој документ. И ова е документ за завршена обука на професионални војници, и врз основа на овој документ после тоа овие професионални војници се примени во Армијата или им е продолжен договорот. И сега генералот на Армијата си доставил документ со прилози. Во првиот прилог стои список на примени професионални војници кои ги исполнуваат сте критериуми за прием. Во прилог два вика список на новопримени професионални војници за кои предлагаме да не им се продолжат договорите поради законски ограничувања, значи има лица кои што имаат законски пречки да бидат примени односно да им се продолжат договорите за работа. Во прилог три се вели, список на новопримени професионални војници во Армијата за кои практичните тестови се под сомнение дека ги поминале успешно. Значи генералот се сомнева дека овие тестови се поминати успешно. Прилог четири список на новопримени професионални војници во Армијата кои што отсуствувале повеќе од 10 проценти од обуката, итн“, изјави Ковачки.

Ковачки вели дека во Армијата се примаат лица со трајна ограниченост за служба во Армијата како што е и премиерот Димитар Ковачевски, лице приведено за тешка кражба, како и лице со судска постапка, додавајќи дека е навистина срамота за држава која е дел од НАТО Алијансата да има војници кои не се професионалци.

-Значи генерал на Армијата со негова комисија се сомнева и тврди дека се примени војници во Армијата со законски пречки. За какви законски пречки станува збор? Имаме лице приведувано за тешка кражба од МВР, имаме судска постапка, имаме предлог за престанок на договор заради трајно ограниченост за служење во војска, нешто слично како премиерот Димитар Ковачевски, имаме судска постапка, имаме наод од воено лекарска комисија значи тричлена комисија утврдила дека имаме ограничено способни за служба. Ова е документ 2021 година, сега сме 2022 година и ова е документ во ваш мандат на СДСМ и ДУИ. И овој документ јас ќе ви го дадам и доколку сме сериозна држава очекувам веднаш да се постапи, и уште вечерва да имаме апсења. Срамота е во една НАТО членка, во една Армија која што претендира да го подигне своето ниво на обученост и на професионализам да ни се случуваат вакви испади. Има луѓе кои со своето знаење и компетенции не се влезени на овие списоци, а има луѓе кои што се гонети од МВР поради тешки кражби и ограничено способни а се примени во Армијата, и порача Ковачки на Петровска.

На прашањето дали тој се сомнева дека ова се луѓето кои што давале мито за да влезат во армијата, Ковачки потенцираше дека единствен начин за вакви лица да влезат во Армијата тогаш е или преку партија или преку плаќање на работното место.

-Значи нема друг начин тоа да се случи ако тоа не е направено преку партија СДСМ или ДУИ или ако имаат дадено пари, односно да ги имаат дадено парите во партијата, рече Ковачки.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк