Connect with us

Македонија

Апасиев до Талат: Можно референдумско прашање – дали поранешни амнестирани терористи можат да извршуваат највисоки државни функции?!

Published

on

Со отфрлањето на иницијативата за референдум претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери сторил кривично дело за што ќе му биде поднесена пријава до Јавното обвинителство, реагира Димитар Апасиев, лидер на „Левица“.“ – пренесе весникот „Скопско ехо“.

„Тој преку Фејсбук детално наведува каде се, според него, погрешил Џафери кога ја отфрлил иницијативата:
1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.
2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.
3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.
4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ад меритум за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!
5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Дури и Влада, а камоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.
6. Со овој акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).
7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема поим од животот!
8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“…, наведе Димитар Апасиев.

Претходно, тој реагираше и на социјалната мрежа Твитер. „Уставниот судија“ Талат Џафери пак ги измоча Македонците во лице! Со ново кривично дело. Таман, за во затвор после падот на окупациската Влада, напиша лидерот на Левица.

Македонија

Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба

Published

on

Двајца од повредените во пожарот во Пулс сè уште во тешка состојба – 45 лица на лекување во странство

Двајца од повредените во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои моментално се лекуваат во странство, се наоѓаат во релативно тешка здравствена состојба. Ова попладнево го соопшти заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, на прес-конференција.

Во моментов, вкупно 45 пациенти се лекуваат надвор од земјата.

Во текот на денешниот ден, се очекува транспорт на пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, каде веќе се наоѓа една пациентка.

Утре, од Ниш треба да пристигне уште еден пациент, кој ќе биде хоспитализиран во болницата „Стара градска“, каде што веќе се лекуваат две лица. Дополнително, уште двајца пациенти се згрижени во приватна болница во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Собрани околу 2 милиони евра за настраданите во пожарот во Кочани

Published

on

Црвениот крст исплати над 86 милиони денари помош за семејствата настрадани во пожарот во Кочани

Заклучно со 17 април 2025 година, преку апелот на Црвениот крст на РСМ собрани се вкупно 128.011.651 денар наменети за поддршка на настраданите од трагичниот пожар во Кочани.

Денес, Црвениот крст изврши трансфер на средства кон 62 семејства на починатите лица. Со оваа исплата, досега се распределени вкупно 86.100.000 денари.

Организацијата, во соработка со своите партнери, продолжува со обезбедување психосоцијална и друга неопходна поддршка за погоденото население, стои во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Инвестициите во еколошка инфраструктура се инвестиции во здравјето и иднината на граѓаните

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на работна средба во просториите на ЗЕЛС, каде што се разговараше за идните еколошки проекти и начини на поддршка за општините во нивната реализација. Средбата беше одржана со министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, а присуствуваа и потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу, како и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

Министерот Меџити ги презентираше критериумите од Конкурсот за распределување средства за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година. Средствата се наменети за инфраструктурни проекти, како што се изградба и реконструкција на канализациони и водоводни системи, системи за одведување и прочистување на отпадни води, како и за изработка на техничка документација за ваквите зафати.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја потенцираше важноста од ваквиот тип поддршка за општините, нагласувајќи дека вложувањата во еколошката инфраструктура се директна инвестиција во здравјето на граѓаните и во долгорочниот развој на заедниците. Тој ги повика сите градоначалници да ја искористат оваа можност и да аплицираат со конкретни и добро подготвени проекти.

На средбата се разговараше и за пошироки прашања, како што се процесот на децентрализација, потребата од зголемување на дотациите за општините и зајакнување на нивната финансиска самостојност. Ѓорѓиевски подвлече дека за унапредување на локалната самоуправа е неопходна и зголемена експедитивност во институционалните постапки.

„Грижата за чиста вода, заштитени природни ресурси и здрава животна средина не е прашање на избор – туку обврска која сите заедно мораме одговорно да ја носиме,“ изјави Ѓорѓиевски. Тој додаде дека ЗЕЛС останува силен партнер на сите општини во поддршката за зелени проекти и градење на поодржлива иднина за граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк