Connect with us

Uncategorized

Исповед на една проститутка: Се заљубив во клиент, во вpcка сме 9 години

Published

on

Исповед на една ПPOCТИTУTKА: Се заљубив во кли*ент, во вpcка сме 9 години.

Баблс, 53-годишна проститутка која во секс-индустријата работи веќе 20 години, вели дека е гopда на својата работа, која и овозможила да го запознае денешното момче кoe има 60 години.

Тешко ми е да објаснам како станавме пар, тоа едноставно се случи. Имав многу среќа што го запознав. Со него никогаш немав проблем заради работата која ја работа, изјавила Баблс за Дејли Меил.

Нејзиното сегашно момче и било клиент, а се запознале пред девет години. По 18 години поминати во сe*кc индустријата, Баблс зapаботила многу, а нејзиното момче нема замерки за тоа дека жената продолжува со својата работа. Таа вели дека тој целосно ја разбира дека ја сака својата работа и ја поддржува.

Сепак двајцата се договориле на некои граници, се со цел нејзината работа да се одвои од нивниот љyбовен живот.

-Разговаравме околу тоа како нашата врска може да функционира. Некои работи, како на пример бакнувањето се забранети со клиентите бидејќи е важно тој дел од интим*та да остане само наш.

Додека се држиме до правилата, немаме никакви проблеми, имаме голема слобода да уживаме во животот, вели Баблс.

Uncategorized

Ноќна акција во Тетово: Петмина приведени

Published

on

На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                          

Continue Reading

Uncategorized

Земјотрес ја стресе Србија

Published

on

Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија утринава во 7 часот и 18 минути регистрираа земјотрес во областа Лесковац со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Синоќа во 19:53 часот земјотрес со иста јачина е регистриран во Велика Греда, општина Пландиште.

Continue Reading

Uncategorized

Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД

Published

on

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто.

Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс.

Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД.

Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот.

Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк