Connect with us

Uncategorized

Артан Груби: Русите се виновни за тоа што доцни автопатот Скопје-Блаце

Published

on

Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва во гостување на ТВ21 рече дека причината зошто доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце е тоа што компанијата што го добила тендерот за надзор на автопатот е поврзана со руската држава и со банки од Русија.

„Тендерот беше објавен, две компании се пријавија, една беше хрватска компанија, а другата американска, но таа не ја поднесе соодветната документација и беше диксвалификувана, па остана само хрватската фирма. Во периодот во кој требаше да ја приложи банкарската гаранција, компанијата не успеа да обезбеди 2,7 милиони евра за банкарска гаранција, за да ги почне преговорите со „Бехтел“. Кога проверивме, откривме дека хрватската компанија е во руска сопственост. Во нејзиниот одбор на директори седат Руси кои се поврзани со државата Русија. Тие ги имале сите средства во руска банка и не успеале да ги префрлат“, рече Груби.

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) минатиот месец го поништи тендерот за избор на компанија што ќе врши надзор на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10-Д, кои треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Државното претпријатие тогаш не соопшти ништо за „руските врски“ на хрватскиот институт „ИГХ“, кој требаше да добие 22,6 милиони евра од државата за работата.

За тоа зошто доцни изградбата на 14-те километри автопат од Скопје до косовската граница денеска беше запрашан и министерот за транспорт Благој Бочварски, но тој не даде конкретен одговор. Бочварски не одговори ниту на новинарските прашања околу тоа дали чувствува лична одговорност за доцнењето со реализацијата на градежните работи, ниту дали има одговорност кај директорите на Јавното претпријатие за државни патишта. На 15 ноември лани, министерот изјави дека првата делница ќе биде готова до средината на оваа година, а сега вели – средината на следната година.

Извор: Слободен печат

Uncategorized

Без струја делови од Тетово и тетовско известуваат од ЕВН

Published

on

На 5.11.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат со активности за реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа во Тетово и тетовско. Ве известуваме дека, заради реализација на овие инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места што припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Дел од с.Брвеница, објекти кои се наоѓаат во близина на САНЛЕС прекин од 09:00 до 12:00 часот

Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат во близина на Имиџ кафе и ресторан Сирена од 09:00 до 12:00 часот

Continue Reading

Uncategorized

Сашо Мијалков присуствуваше на осветувањето на црква

Published

on

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“ во Штипско Ново Село, заедно со брат му Влатко Мијалков, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата, која е богато украсена со фрески и икони. Ова е прво јавно појавување на Сашо Мијалков откако во мај беше предвреме ослободен од затворот во Струга, каде ја отслужуваше казната за случајот „Империја“.

Continue Reading

Uncategorized

Косово со проблеми на патот кон ЕУ

Published

on

Европската унија повторно го повика Косово да преземе чекори за основање на Заедницата на српските општини во согласност со нацрт-статутот на ЕУ, објавија косовските медиуми.

“Го повикуваме Косово да продолжи напред со формирањето на Заедницата во согласност со нацрт-статутот на ЕУ без понатамошно одложување. ЕУ, исто така, би сакала да потсети дека Договорот за патот кон нормализација во целост е валиден и правно обврзувачки и за Косово и за Србија”, изјави портпаролот на ЕУ Набила Масрали.

На овој начин, Масрали ја коментираше изјавата на претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфка, дека ЕУ нема право да донесува одлуки наместо Косово.

Таа додаде дека исполнувањето на обврските е задолжително за двете страни.

“Од Србија се очекува да ги исполни своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот на нормализацијата, од Косово да се движи понатаму кон формирање на Заедницата врз основа на европскиот нацрт и во согласност со планот за спроведување предложен од страна на олеснувачот на ЕУ”, рече Масрали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк