Connect with us

Религија

Денеска е „женски“ празник – Покров на Мајката Богородица

Published

on

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Празникот е познат под името Покров, Богородичен покров или Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Ако девојките сакаат среќно да се омажат, на денешен ден одат во црква и се молат. Задолжително со себе носат крпа, која ја даруваат на црквата и ѝ се молат на Богородица да им ги вкрсти патиштата со идниот младоженец.

Порано, на овој ден, девојките подготувале колачи кои ги чувале покрај креветот, за да ги привлечат мажите во куќата.

Мажените жени на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред вратата за да привлечат среќа, љубов и фамилијарна благостостојба.

-Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Религија

Католиците и дел од православните вечер го празнуваат Бадник, во пресрет на Божик

Published

on

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос.

Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Continue Reading

Религија

Денес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Published

on

Денес се празнува големиот празник посветен на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец. Ова е посна слава бидејќи паѓа во деновите на божиќниот пост.

Именден празнуваат Горѓи, Горѓија, Георгина,Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др….

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно Го молел Бога и Бог веднаш го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасувал Својот маченик од смртта.

Кога Св. Георги воскреснал и еден мртовец, тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра и главниот жрец Атанасиј, земјоделецот Гликериј, и Балериј, Донат и Терин. Најпосле царот ги осудил Свети Георги и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Георги го убиле во 303 година.

Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Од љубов кон Господ Христос, Свети Георги без тешкотии оставил се заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет.

За оваа љубов Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите.

Continue Reading

Религија

Празник кој ги лечи болните и ги казнува грешниците: Вака се слави Св.Архангел Михаил

Published

on

Православната црква и верниците денеска на 21-ви ноември, го слават еден од најголемите христијански празници- Архангел Михаил или народски нарачен Арангеловден.

Овој светец е водец на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се јавувала и Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

По црквените преданија, ангелот Михаило прв стапил во борба со лошиот дух и во тоа име по црквено толкување означува „оној кој е како Бог“. 

Меѓу нардот владее верување дека овој ангел ги посетува болните и ако застане кај ногата- не е на добро, а ако застане кај главата- болниот ќе оздрави.

Овој празник секогаш се слави на ист датум и во есен, затоа што кога на светците им се делеле улогите, Архангелот Михаил го добил есенското и зимско време- времето на потешкотии. Се верува дека во ова време тој лута облечен како просјак за да ги прекори неверниците и да им помогне на сиромашните.

Едно народно верување вели дека спрема временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината, времето на празникот ќе одреси какво ќе биде времето во текот на зимата и пролетта.

Дали денот ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од денот на кој се паѓа. Ако е во среда или петок, треба да биде посно. Оваа година е во четврток, па трпезата може да биде мрсна. Секогаш на трпезата треба да има пченица, во чест на мртвите, односно упокоените души на светците.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк