„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека пријателството е подолго и позначајно од она што кандидатот ѝ го објасни на јавноста. Првите избори во Обвинителството минаа со прашања за политички влијанија и отсуство на интегритет помеѓу обвинителите.
Пишува: Бојан Стојановски
Околу 160 обвинители, по свое убедување, на тајно гласање, првпат во македонската независност на избори сами одлучија кој треба во Македонија да ја предводи борбата против организираниот криминал и корупција. Шеесет и шест обвинители во Ислам Абази препознаа личност со доволно искуство за да биде шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција следниве четири години. Но, само неколку часа откако стана официјално дека Абази ги добил симпатиите на колегите, медиумите почнаа да објавуваат фотографии каде што обвинителот се забележува во друштво на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, сега дел од „огнената група“, но и со Фекри Ахмети, брат на Али Ахмети, неприкосновениот лидер на ДУИ веќе 20 години. Абази уште при првиот настап пред медиумите подигна „гард“ во однос на информациите што провеаја во јавноста дека неговиот избор се должи на заложбите на ДУИ, носејќи го во тесна релација неговиот избор со фотографиите со лица од ДУИ. Ислам Абази не криеше дека можеби некогаш се сретнал и со Али Ахмети.
Тој е непознат за пошироката јавност, но очигледно конкурентен и препознатлив во фелата. Неговата анонимност беше толкава што на интернет немаше фотографија од него за медиумите да можат да ја илустрираат веста како физички изгледа обвинителот Абази. Упорните новинари инсистираа Ислам Абази да одржи прес-конференција по изборот оти во трката за шеф само тој немаше програма како го гледа обвинителството што го води ниту, пак, се појави пред јавноста како неговите противкандидати Вилма Русковска, Ермон Незири и Деса Пауновска. Новинарите се фокусираа на прашања за евентуална негова поврзаност со ДУИ и дали фотографите со луѓе од оваа партија се причината зошто добил поддршка, но и дали интересни групи лобирале токму анонимниот Ислам Абази да добие поддршка од колегите, иако поголем дел од нив посочија дека до официјализирање на неговата кандидатура или не слушнале или знаеле многу малку за неговиот професионален ангажман.
„Уште кога беа објавени имињата на кандидатите за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, почна да се ‘шушка’ во судско-обвинителските кругови дека Ислам Абази ќе биде избран и дека зад тоа стои силна политичка поддршка. Таа информација ја зедов со резерва бидејќи сепак последниот збор го имаат обвинителите што гласаат сами зад параванот. Токму и затоа беше сменет законот, за да не може политиката преку членовите на Советот на јавни обвинители да влијае врз изборот на оваа моќна обвинителска функција, туку обвинителите да го изгласат колегата што е најстручен и најпрофесионален. Брифинзите од фелата говореа дека силно се лобирало за ‘тивкиот’ Абази. Шпекулациите се потврдија со изборните резултати, а Абази ќе остане да го прогонува сенката на релациите со високи функционери на ДУИ“, изјави за ИРЛ новинарката Елена Ивановска-Мукоска која со години известува за теми поврзани со правосудството.
Сенката на ДУИ зад изборот на новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази проба да ја тргне со објаснување дека немал лични контакти со челници на ДУИ. Не бил дел од која било партија, а со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, биле соселани од Зајас.
„Никогаш не сум бил и не сум член на која било политичка партија ниту, пак, во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека јас имам одредени, да кажеме, релации или позиции со одредена политичка партија“, изјави на 8 ноември Исмаил Абази по прашањата на новинарите дека постојат фотографии на кои се гледа дека е во придружба на функционери на ДУИ кои, пак, имплицираат дека најголемата партија на Албанците евентуално вмешала прсти во изборот.
„Ловечката вечера“ на Али Ахмети и Исмаил Абази
Абази се дистанцира од Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција. Не криеше дека можеби некогаш се сретнале. Но, деталната проверка на новинарите на ИРЛ на социјалната мрежа „Фејсбук“ покажаа дека Ислам Абази и Али Ахмети, освен што се сретнале, барем еднаш седеле на иста маса во ресторан. На 25 декември 2016 година, двајцата се дел од „Ловечка вечера“ која се организира еднаш годишно за членовите на ловџиското друштво „Сокол Зајас“. Кога е направена заедничката фотографија, Ислам Абази е дел од Вишото обвинителство Гостивар.
Обвинителот Ислам Абази со претседателот на ДУИ, Али Ахмети на заедничка ловечка вечера на 25 декември 2016 година
„Ловечката вечера“ добила свеченост поради присуството на специјален гостин, и тоа ловџиите биле почестени со присуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На чело на долгата маса седи првиот интегративец, а спроти него, на другиот крај на масата, е Ислам Абази. Од средбата на ловџиите има и видеозапис со благодарност до членови на друштвото од земјава и дијаспората, но и до Ахмети.
„Посебна чест и задоволство ми претставува присуството на господинот Али Ахмети, кој вечерва е меѓу нас како еден од првите членови на нашето ловно друштво“, ќе изјави еден од присутните на „Ловечката вечера“ организирана на 25 декември 2016 година.
Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска.
На примопредавањето на функцијата Абази и Русковска дискутирале за досегашната работа на обвинителството и работата која претстои.
Ислам Абази доаѓа на местото на Русковска откако на непосредните избори на 7 ноември, кои беа организирани според новиот Закон за јавно обвинителство, освои 66 гласа или само два повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири.
Ловот, планинрењето и свадбите во Зајас, случајно го ставиле новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал во ист кадар со функционери на ДУИ. Вака Абази ги објаснува фотографиите кои излегоа во јавноста по неговиот избор.
„Во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми е ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв, тоа е еден врв во Република Северна Македонија, е радост и се практикуваат слики да го обележиш тој настан за искачување на врв. Тука сме се нашле ние случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика“, изјави Абази.
Утре (6 април недела) поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме денес (5 април сабота).
Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).
На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.
Што се однесува до времето во Скопје, утре (6 април недела) ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).
По средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, категорично негираше каков било договор со Арбен Таравари, министерот за здравство и член на коалицијата Вреди.
Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети изјави дека ДУИ не учествува во сценарија на други коалиции, ниту, како што рече, се користи како „резервна гума“.
Таравари претходно рече дека Вреди се консолидирани, но имаат одредени несогласувања.
Лидерот на ДУИ упати отворена покана до коалицијата Вреди да ги напушти државните институции, објаснувајќи дека партијата не може да се користи како замена секогаш кога некој одлучува да се повлече.
– Тие сами си ја бираат иднината. Нека останат таму каде што се – додаде Ахмети.
Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа уште истиот ден по трагедијата и помогнаа многу на нашите доктори.
Ова е доказ дека и камен би заплакал после оваа трагедија, плачеа и уште плачат и доктори, пожарникари, полицајци, војници…