Connect with us

Забава

Младата Јована ја испеа „Не плачи мајко, не жали“ (ВИДЕО)

Published

on

Они што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, безразлика каде во моментов се наоѓаат на планетата Земја, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“.

Младата Јована Богдановска (16) од тетовско Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините.

Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни.
Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

„Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен“ – вели младата Богдановска.

Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко…

„Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија… Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната“ – открива продуценетот Темелко и вели дека ова е само почеток. Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“.

За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната.

Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера.

Забава

Ана Стојанова цел на напад: Фотошопирале нејзна фотографија да изгледа гола – сега ја шират на социјалните мрежи

Published

on

Познстата фитнес инструкторка Ана Стојанова, информира дека деновиве е цел на напад, пред се како жена. Имено неименувано лице успеало преку фотошоп да создаде “нејзина гола фотографија”, па сега истата таа лажна готографија се шири на социјалните мрежи и стигна до Стојанова.

“Деновиве добивам пораки дека “се врти” гола фотографија од мене која што е направена со фотошоп и тоа многу лош. Направен е скриншот од видео кое што беше објавено кај мене на стори и истото е злоупотребено.
Јас нема да го коментирам оној кој што се дрзнал на ова и сосема ми е разбирливо затоа што сум јавна личност и не можам да се заштитам до крај. Објавувам јавно за да ја известам Армијата да ја знае вистината- бидејќи само за неа и се грижам”, објави Стојанова на социјалните мрежи

Continue Reading

Забава

Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros. и е дел од саундтракот на видео играта Mortal Kombat 1

Published

on

Македонската пејачка и еден од најдобрите вокали во земјата, Андријана Јаневска, оствари значаен успех на меѓународно ниво со потпишување договор со светската филмска и забавна компанија Warner Bros. Јаневска учествуваше како главен вокал на официјалниот саундтрак на новата видео игра Mortal Kombat 1, еден од најпознатите и најпопуларни франшизи во светот на гејмингот.

„Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект. Оваа соработка со Warner Bros. е важен чекор за мене и неверојатно искуство,“ изјави Јаневска, изразувајќи го своето задоволство од овој значаен успех.

Со своето вокално учество, Андријана Јаневска внесува нова димензија и емоција во саундтракот на играта, дополнувајќи го искуството на играчите со нејзиниот уникатен глас. Овој проект претставува значајно признание за македонскиот музички талент на светската сцена и отвора нови можности за македонските уметници на глобално ниво.

Continue Reading

Забава

Џони Деп доби главна улога во холивудски филм, а згодна актерка ќе му биде партнерка

Published

on

Џони Деп треба да се врати во Холивуд, добивајќи ја својата прва голема кастинг улога по правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

„Холивуд репортер“ пренесува дека славниот актер е подготвен за својата прва голема холивудска продукција по неколку години, во трилерот „Day Drinker“. Тој ќе глуми мистериозен денски пијаница кој на крстарење запознава шанкерка, која ја игра Пенелопе Круз, а двајцата потоа се вплеткуваат во криминалното подземје.

Филмот ќе го режира Марк Веб. Деп и Круз на тој начин ќе се обединат, откако претходно глумеа во бројни филмови заедно.

Претседателот на Lionsgate Motion Picture Group, Адам Фогелсон, рече дека „’Day Drinker’ комбинира многу комерцијален концепт со неверојатни пресврти и свртувања, сите сместени во неверојатен свет, и нема подобар режисер од Марк или двајца посовршени актери од Џони и Пенелопе“.

Деп неодамна изјави дека „нема лоши чувства кон Холивуд“ и рече дека неговиот живот во последните години е претворен во „сапуница“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк