Прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска во име на Владата на Република Северна Македонија се обрати на научниот настан насловен „Денови на азбуката” во организација на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците – ИКДНА.
Првиот вицепремиер, Меџити, под чие покровителство се организираат настани за одбележување на овој значаен настан за албанскиот народ, по повод настанот рече дека да се зборува за албанскиот идентитет како конститутивен идентитет на богатиот културен и европски идентитетски пејзаж, а да не зборуваш за јазикот како негов темел, тоа е невозможно.
„Јазикот е основната одредница на албанската целина која ги преминува политичките и територијалните граници и која денес ја хомогенизира албанската нација како целина. За да живее или преживее еден народ, потребно е да се кодифицира или систематизира колективната меморија во организирана форма или, поедноставно, во писмени докази што го преживуваат времето. А за овие сведоштва да се зачуваат, да се организираат во мисли, литература, уметност, политички концепти и слично, мора да постои организиран хомогенизирачки елемент на националниот идентитет, а тоа е јазикот. А јазикот без азбука нема начин на изразување, нема глас, како да не постои”, рече Меџити.
Во свет во кој сè повеќе се интегрира и доминира таканаречениот јазичен империјализам и доминацијата на „јазикот”, знаците, кодовите на технологијата, нашата должност како интелектуалци, политичари, проучувачи и истражувачи останува да вложиме напори за зачувување на јазикот и нашиот културен идентитет, апелираше првиот вицепремиер Меџити.
Во овој контекст, јазичните политики на институциите се од речиси егзистенцијално значење за заштита и негување на јазичниот идентитет на една етничка група, затоа, сакам јавно пред вас да изјавувам дека Владата на Северна Македонија е решена да гради такви институционални политики кои ќе ги почитуваат и негуваат јазичните разлики и ќе ги третираат како средства и додадени вредности на општеството. За да го докажеме тоа, ќе поддржуваме и стимулираме културно-уметнички настани, научни и академски проекти, кои ќе ја негуваат нашата различност како драгоцен квалитет на кој сите сме горди”, рече Меџити.
На денешната манифестација учествуваа министри, пратеници, дипломати од амбасадите на САД, земјите од Европската унија, Албанија, Косово и од земјите од регионот.
Настаните за одбележување на Денот на албанската азбука, под покровителство на првиот вицепремиер Изет Меџити, денеска започнаа со Свечената академија во Владата на Република Македонија, а потоа со научна демонстрација во ИКДНА, продолжуваат со доделувањето на наградата „ 22 Ноември” во Републичкото собрание, во вториот дел во Битола, градот на буквите со посета на Музејот на азбуката, изложбата “22 Ноември во Телајо” на плоштадот во Битола, Панел дискусија „22 Ноември-Ден на азбуката, албански јазик-наш идентитет” и завршуваат навечер со Концерт во Палатата на културата во Битола.