Connect with us

Спорт

Дејан Георгиевски испиша нова спортска историја!

Published

on

Во светската спортка елита, таму каде што му е местото на „соколот“! Имаме нова спортска историја, за прв пат во Македонија имаме бронза од финално Гран При во олимписки спорт! Го имаме спортистот на годината, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел и еден од тренерите на таеквондистот Деан Георгиевски, Дарко Костовски.

-Дејан Геоегиевски на лична покана учествуваше на финално ГРАНД ПРИ во Саудиска Арабија, Деки со три победи над Мартинез од Шпанија (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, над Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација, и над Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за олимписката норма ! Финалниот турнир ГРАНД ПРИ е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на истиот имаат право да учествуваат само 16 најдобро рангирани во Светот, во олимпискиот официјален ранкинг по категорија. БРАВО ЈУНАК! Напиша Костовски.

Спорт

Хаос на теренот: Тренерот сакаше да нападне судија, па доби класичен нокаут (ВИДЕО)

Published

on

Неверојатна сцена пристигна од фудбалските терени во Перу, каде судијата стана центар на вниманието.

Инцидентот се случи во 82-та минута од мечот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при резултат 2:1 за домаќините.

Член од тренерскиот тим на гостите се упати кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рака, но арбитерот брзо реагираше и успеа да го совлада тренерот, кој заврши на земјата.

Полицијата мораше да интервенира поради хаосот на теренот, а натпреварот беше прекинат по инцидентот.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading

Спорт

Одложениот меч меѓу Партизан и АЕК ќе се игра на неутрален терен

Published

on

Четврфиналниот реванш во Европскиот куп на ЕХФ помеѓу Партизан и Олимпијакос ќе се одигра на неутрален терен, поради инцидентите што ги предизвикаа српските навивачи пред почетокот на првиот натпревар.

За време на неделниот меч, гостинските играчи се повлекоа, а дуелот беше одложен. Засега не е познат точниот датум за играње на реваншот, но ЕХФ одлучи да се одигра на неутрален терен, што ги отвора можностите Македонија да биде избрана како домаќин.

Во моментов, четири спортски сали во Македонија ги исполнуваат условите за европски натпревари. Три од нив се во Скопје, што би било погодно за Партизан, додека една е во Битола, што повеќе му одговара на Олимпијакос.

Има голема веројатност дека ЕХФ ќе одлучи реваншот да се одигра без публика, а најверојатно во една од следниве сали: СЦ „Јане Сандански“, СЦ „Борис Трајковски“, „Автокоманда“ или битолската „Боро Чурлевски“.

Continue Reading

Спорт

ФФМ отвора дисциплинска постапка против Шкендија поради недолично однесување на навивачите!

Published

on

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. 

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. 

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. 
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок. 

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк