Connect with us

Македонија

Јонуз: Интелигентните одамна побегнале од оваа септичка јама бе друже. Ние сме само лај*ата што пливаат во неа

Published

on

Сите знаеме дека за нас е само железна рака и воведување дисциплина на брутално ниво, ама си ќутиме. Убаво ни е вака. Циркусот си тече, ние сме циркузанти кои се среќни што некој на улица гопрепознава и вика ‘‘ браос бе, многу си интелигентен‘‘.  Интелигентните одамна побегнале од оваа септичка јама бе друже. Ние сме само лајната што плива во неа.

Што е тоа што остана не анализирано, ставено во колумна или исмејано. Сите можни резили што можеа да испаднат испаднаа, и никого мува не го лази. Сите можни афери, неправди, криминали и далавери се обелоденети и сеуште никого за ништо не го боли. Понекогаш имам впечаток дека во оваа држава можеш буквално што сакаш да правиш и да поминеш неказнет.  Нема кој да те казни. Државата сама себе си се казнува со тоа што е на сите листи меѓу последните. Можете да замислите, на некои листи по некоја статистика ние сме позади Руанда Бурунди. Ова не е заебанција, ова се факти. А, фактите велат и нешто друго.

Поставеноста на нештата во општеството се повеќе личат на канцерозно ткиво отколку на болно кое може да се лечи. Направена е преголема штета за да може да се сменат нештата преку ноќ. Интересно е тоа дека народот почна да ја прифаќа стварноста како нешто нормално. Почна и да не се буни народ. Почна да се навикнува на овој циркуз и да се осеќа како кловн во сопствен циркуз. Таму му е најбезбедно. Станавме земја на зомби. Народ оди по улица, гледа во земја и зборува сам со себе си. Не ги гледајте оние во скапи џипови и со дебели златни ланци на вратот. Ова е нивно време. Понекогаш се прашувам, кога некогаш некој би сакал да стави навистина ред, колку ли затвори бини биле потребни да доизградиме. И овие се полни, ама барем уште едно пет затвора ни фалат.

Се нервирам кога некој ке рече дека ги губиме децата они си одат од државата. Ало, ние ги губиме и оние што се внатре, што остануваат. Сите се неуротични, безнадежни, со идоли кои се криминогени. Создадовме кај младите психоза на војна среде мир. Станаа агресивни, дрогирани, напиени, изгубени. Псеудокултурата царува, проституцијата, наркоманијата, коцката, агресивноста. Несреќна нација не може да има среќна младина. Затоа и еден огромен број бара утеха и прискривање во религијата. Се повеќе имаме религиозна младина која наместо да се стреми како да стигне на месечината, таа сонува како еден ден да оди на аџилак. Секој втор усте да извините нема влакна на ‘‘патљакот‘‘ важно има брада! Поготово последните години ионака слабото школство почна да биде само ‘‘про форма‘‘, затоа што наставата преку интернет ги одалечи децата од стварноста која би требало нивната младост да ја слави по школските дворови . Ја убивме младоста во децата. Создадовме ‘‘ млади старци‘‘. Невоспитањето царува, но не поради тоа што тоа е модерно, туку како последица на невоспитани родители.

Демографската структура се смени многу. Скопје стана град на сељаци, чобани и криминални ликови од регионот  кои царуваат и кои воспоставуваат правила на однесување. Не зборуваме за селани. Зборуваме за сељаци! Тоа е посебна категорија. Тоа е онаа категорија која се дефинира според податокот колку селото излегло од поединецот, а не поединецот од селото. Никој нема емоција кон новата средина. Сите се сеуште на ливада, а ливадата вели дека можеш да правиш се што ќе посакаш. Капак на се, и оние кои дојдоа од помалите градови во Скопје, во својата желба за етаблирање не бираат начин како да се промовираат во некакви имиња кои нешто значат. Ситуацијата е карамбол. Нема веќе скопјани во јавноста. Тие станаа дефицитарна стока. Тие се опасност. Покрај нив проработуваат комплекси кои се болни. Не затоа што се скопјани. Туку затоа што за да бидеш скопјанец треба сепак да пораснеш најаден со барем три вреќи прашина од скопскиот асфалт.

Целата колумна на Агим Јонуз прочитајте ја тука.

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading

Македонија

Прилепчанка во неверување: Сметка за струја 250 евра, а домот празен!

Published

on

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а по преживеаниот неодамнешен ненадеен мозочен удар, речиси три месеци таа не била ни дома. Се лекувала. Но, нејзината последна сметка за струја е дури 15.000 денари. 69-годишната прилепчанка Ангелина Талеска, која се’ уште незакрепната од болеста што ја снашла, по првичниот шок, сега во очај бара помош за, како што вели, да не плати нешто што не потрошила. А и нема ни од што, бидејќи таа преживува од социјалната пензија од неполни 8.000 денари, пишува Алфа.

„Само една ламба гореше, јас бев на болница месец дена. Месец и пол бев кај брат ми додека идеше масерот. Јас сум сама тука. Два и пол месеци јас не бев тука за олку големи сметки…и да не бидам дома. Струјомерот е во салонот, клучевите беа во мене на болница и никој не може да влезе“ – видно вознемирена раскажува Ангелина Талеска.

Сомневајќи се некој да не крадел струја, или пак инкасаторот да не направил некоја грешка, таа побарала од ЕВН да дојде Комисија и да го провери броилото. Молбата и’ била прифатена и била задолжена за услугата да уплати околу 500 денари, што и го сторила. Но, наместо да дојде Комисија, таа доживеала нов шок. Била исклучена од електричната мрежа, иако други заостанати сметки – нема. По нејзината реакција, следниот ден струјата повторно и’ била пуштена, со образложение дека по грешка била исклучена. Ама, од ветената Комисија до ден-денес нема ниту трага, ниту глас.

„Ете, платив и после таа ми вели – не, не ти реков дека за Комисија плаќаш. Ами зошто го платив тоа ?! За да ти ја скини струјата тој. Ами, јас ти ја дадов цела социјална, уште 6.000 и нешто!!! Јас си го платив она дури бев дома. И сега, откако сум дојдена од болница, ми дојде 3.000 денари, зошто…за пет дена 3.000 ?! Другиот ден, си идам од ЕВН, плаќам таму, и на порта гледам – 15.000 белешка ?! И тие што ги платив.. оној дел дури бев дома…?! Јас не знам зошто?! – се прашува очајната Ангелина.

Преплашената Ангелина вели дека само таа си знае како со години врзува крај со крај со мизерната социјална пензија што ја зема. Но, досега не останала должна за ниту една сметка. Ама, овојпат, таа е гневна што од неа се бара, како што вели, да плати нешто што не потрошила, и жали што заради влошената здравствена состојба, немоќна е правдата да ја бара по други институции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк