Connect with us

Македонија

По синот на Заев и сопругата на Ковачевски И ТАТКОТО НА БОЧВАРСКИ влезе во БИЗНИСОТ СО СТРУЈА

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk.

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.

Според faktor.mk, doсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг