Connect with us

Забава

Џамбазов: СЕ СПАКУВА ВО КУФЕРОТ ШТО Ѝ ГО ПОДАРИВ ПРЕТХОДНИОТ ДЕН И СИ ЗАМИНА…

Published

on

„Далечината е единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно“, изјави Игор Џамбазов.

Игор Џамбазов откри дека љубовната врска со Илина е завршена, а како причина ја наведе далечината.

– Далечината е огромен проблем. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.

И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. „Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. „Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ.

Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден – рече Џамбазов во интервју за Слободен печат.

Забава

КЛУЧНИ СЕ ВИКЕНДИТЕ – Бред Пит откри „тајна“ за младешкиот изглед 

Published

on

Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните актери, а сега ја откри тајната на својот изглед на прагот на седмата деценија од животот.

Веќе подолго време се шпекулира дека холивудскиот заводник решил да оди „под нож“, што се уште не го потврдил, но инсистира дека за неговиот младешки изглед е заслужен само здравиот начин на живот.

„Тајната на убавината? Хм, вие живеете здраво во работните денови, а потоа за време на викендот „грешите како луд“. Избирам пица“, одговори Бред Пит на прашањето за тајната на неговата младост.

Continue Reading

Вицотека

Божиновски повторно го зеза Заев

Published

on

Божиновски на шега појасни како би изгледало кога бившиот премиер Заев би честитал 11 Октомври на англиски јазик. 

Continue Reading

Вицотека

Административец работел во две смени (ВИЦ)

Published

on

Разговараат двајца вработени во јавна администрација:
– Замисли си, вчера работев две смени.
– Зошто???
– Случајно сум задремал, а никој од колегите не ме разбудил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк