Хит серијата на HBO „The Last of Us“ ја затвори првата сезона со уште еден триумф во серијата. Последната, деветта епизода привлече 8,2 милиони гледачи, соборувајќи го сопствениот рекорд за серијата, а успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека беше објавена за време на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари.
Ова не е прв пат датумот на објавување на нова епизода на „The Last of Us“ да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супер Боул, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите.
Иако во меѓувреме стана најгледаното шоу во историјата на HBO Max во Европа и Јужна Америка, премиерната епизода на „The Last of Us“ со 4,7 милиони гледачи заостана зад успехот на стриминг платформата, серијата „House of the Dragon“.Сепак, на крајот ги надмина резултатите од популарниот приквел на „Game of Thrones“ со просечна гледаност од 30,4 милиони гледачи по епизода. Интересно е и како во текот на првата сезона се зголемила гледаноста на серијата за цели 75 проценти.
За потсетување, „The Last of Us“ е адаптација на истоимената видео игра на развојното студио Naughty Dog, која првично беше претставена во 2013 година како ексклузива за PlayStation и беше оценета како најдобра игра на сите времиња. Серијата, базирана на играта, се одвива 20 години откако модерната цивилизација е уништена и го следи криминалецот Џоел, кој го игра Педро Паскал, кој има задача да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.
Со текот на времето, навидум лесната задача се покажува како голем залак за Џоел, бидејќи за време на бруталното патување низ САД, двајцата преживеани се целосно зависни еден од друг.
Серијата го катапултираше до слава американскиот актер роден во Чиле, Педро Паскал, кој го толкуваше главниот лик Џоел Милер во адаптацијата на HBO на истоимената видео игра. Педро се појави порано во некои успешни ТВ-шоуа, како што се сериите „Game of Thrones“ и „The Mandalorian“, но популарноста што ја заслужува поради своите актерски способности ја стекна дури по првите епизоди на „The Last of Us“.
Љубовниот статус на Педро е прилично непроѕирен. Познато е дека тој беше во врска со колешката Марија Дизиа со која се појави во серијата „Закон и ред“, а се останато е шпекулација. Тој не е религиозен, отворено се залага за левичарски идеи и јавно го поддржуваше Габриел Бориќ за време на претседателските избори во Чиле.
„Многу сум среќен поради тоа што сега се случува во Чиле“, изјави тој по победата на Бориќ. Тој особено се залага за правата на ЛГБТК+ заедницата бидејќи има и трансродово лице во неговото семејство: тоа е неговата помлада сестра Лукс, исто така актерка и активист. Триесетгодишната Лукс, родена како Лукас Балмакеда, вели дека поддршката и разбирањето на нејзиниот брат биле клучни во процесот на транзиција завршен пред две години.
Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.
Српскиот пејачот Аца Лукас го осуди страшниот говор на омраза на Северина Вучковиќ кон Србите, нарекувајќи ја хрватската пејачка „обична будала“, пишува српски „Курир“.
Прво, Аца потсети на браковите на Северина со Србите, Милан Поповиќ и Игор Којиќ.
– Северина е една обична будала. Ова е жена која си дозволила себеси да прави работи кои не надвор од паметот. Тоне сè подлабоко и подлабоко… го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти, кукло моја, да оправдуваш вакво плукање за еден народ, а двајцата мажи ти се Срби. Еден од нејзините сопрузи е Србин. Нејзиниот втор сопруг е Србин – вели Лукас, а потоа додава:
– Ајде, како ќе им го објасни сето тоа на своите. Што зборуваш, а половина живот си го поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше завршена, но таа го започна со сето ова… – изјавил Аца Лукас во еден поткаст.
Да потсетиме, пејачката Северина не престанува да зборува негативно за Србите во своите јавни настапи. Таа во интервју за босанскиот портал „Кликс“ даде неколку скандалозни изјави против Србија и Србите додека зборуваше за случајот од август кога беше запрена на српската граница на проверка, што беше редовна процедура, по што и беше дозволено да влезе во Србија, но самоиницијативно се врати во Хрватска.
Деведесеттите години беа обележани со серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), која ги направи светски познати глумците и глумиците во улога на спасувачи на плажа. Ликовите како Си Џеј Паркер, која ја играше Памела Андерсон, и Саманта Томас, која ја толкуваше Александра Пол, останаа запаметени како икони на тоа време.
Денес, девојките од серијата се повозрасни, но и понатаму се инспирација за многумина. Некои од нив се уште се активни во шоу-бизнисот, додека други се повлекоа од јавната сцена и се посветија на лични проекти. Памела Андерсон, на пример, често е активистка за правата на животните, додека Јасмин Блит води повлечен живот надвор од медиумите.
Серијата останува култен хит, а актерките докажуваат дека времето само додава на нивната харизма и уникатност.
Прекрасен настап на светското првенство во латино танци во изведба на Ева Карамановска.
Младата танчерка облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи.
Скопје, поточно Спортскиот центар „Борис Трајковски“ изминатиот викенд беше домаќин на Светското првенство во Латино танци Скопје 2024.
Емоција која вреди да се доживее! Погледнете го настапот!