Connect with us

Македонија

Муцунски ќе го донира покачувањето на платата во хумани цели и на семејствата на уставобранителите

Published

on

Фејсбук статус на Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром:

Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите.

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите за носители на јавни функции. Јас морам да ја почитувам таа одлука бидејќи е донесена од страна највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам.

Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивните вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите.

Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства што секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми.

Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.

Македонија

Инцидент во Тетовско: двајца мажи нападнале жена

Published

on

На 21.11.2024 во 14.50 часот и во 19.05 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Л.З. (36) од с. Боговиње и Н.М. (31) од с. Пирок, кои во 12.55 часот биле пријавени дека физички ја нападнале К.З. (29) од Боговиње. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Денес се навршуваат три години од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во која загинаа 45 лица

Published

on

На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул.

Казна затвор од една година и осум месеци казна доби сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Казнета беше и фирмата „Беса транс“ како правно лице со парична казна од 800.000 денари и доби забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.

Continue Reading

Македонија

Димовски: Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ

Published

on

Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“:

Треба да видиме дали е реално сценариото за одложено дејство на уставните измени. Не можам да кажам затоа што ги немам во детали информациите. Не сум вклучен во она што значи дипломатија позади сцената. Ние имаме комплексна ситуација во односите со нашите соседи. Пред се тука мислам на Бугарија и на Грција. Од една страна приоритетно за државата е да изгради што е можно подобри односи со овие два соседи коишто се членки на ЕУ, коишто треба да бидат некаков стабилизирачки гарантор за целиот регион, коишто економски се посилни од нас, коишто треба да бидат некаков иницијатор за позабрзан економски развој кај нас. Од тој аспект мислам дека нашата држава треба да го гледа билатерален како мултилатерален. Ние немаме проблем со Бугарија или со Грција. Ние имаме проблем на признавање на постоењето и континуитетот на македонскиот народ. Тука е проблемот и со Преспанскиот договор. Тој погледнат низ грчката призма не е промената на името туку членот 7, каде што се дефинира и поделува македонскиот идентитет на два сосема различни идентитети – еден Хеленомакедонизам, еден Славјаномакедонизам. Тоа е амбицијата на грчката Република.

– И бугарската држава ја има истата таа амбиција, да искреира Бугаромакедонизам и нов Постмакедонизам кој. Ние треба да докажеме дека Македонизмот во едната, другата, третата, па ако сакате и во четвртата верзија со македонците – муслимани ии помаците, дека имаат свој корен, своја суштина, ист фолклор, ист јазик, обичаи, песни, херои низ историјата итн. Ние треба да се обидеме она што го прават како дезинтегративен процес спрема Македонскиот народ, некриејќи ги компонентите македонски во својата национална структура и Грција и Бугарија, ние да го искористиме во обратен процес и да создадеме мостови, да ги отвориме границите, да соработуваме на сите полиња.

– Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ. Државата треба да има прагматичен и политички динамизиран однос кон Преспанскиот договор, којшто е адекватен на периодот во којшто се наоѓа државата – односите со ЕУ, со стратешките партнери итн. Но треба да не ја испуштаме позицијата во која што ќе велиме дека Преспанскиот договор е неправда спрема Македонскиот народ и Македонскиот народ има право на долга, средна или кратка перспектива да се бори против последиците од тој Преспански договор.

Според Димовски „уставни промени без одложено дејство се невозможни, а што е возможно ќе видиме“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк