Connect with us

Здравје

Над 40 илјади дијабетичари за 9 месеци дале 200.000 евра за ленти за мерење шеќер кои државата мора да им ги обезбеди

Published

on

Дискриминирани, понижени  и девет месеци оставени на милост и немилост сами да се снаоѓаат. Кој и како ќе ја надомести огромната материјална штета, страв, нервози и неизвеснот на над 40 000 дијабетичари кои од почетокот на годината досега се без ленти за мерење на шеќерот во крвта и глукомери и им е нарушено уставното право на здравствена заштита.

Овој долг период потрошиле стотици илјади евра од свој џеб а ако нема редовно мерење на гликемијата можат да настанат сериозни компликации по здравјето. Сега спасот го бараат кај народниот правобранител кој треба да ги заштити од штетите предизвикани од здравствените власти. Следниот чекор е заедничка тужба за надомест на штета.

-Значи едно семејство каде има двајца дијабетичари досега потрошиле 72 000 денари и тоа зборам за тип два, тип 1 уште повеќе, или досега според наши груби пресметки неофицијални, досега околу 200 000 евра сме и заштедиле на државата …затоа со тбата очекуваме да ни биде надоместено тоа или во ленти или враќање на парите, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на дијабетичари.

Дијабетичарите велат ова е првпат во независна Македонија толку долг период да се оставени без ленти и глукомери. Проблем биле тендерските процедури, но тоа не треба да биде проблем на дијабетичарите кои само сакаат да им го вратат мирот и спокојот а не да бараат и молат по социјални мрежи кој има повеќе ленти за позајмување.

-Ќе се обратиме со Комисијата за дискриминација бидејќи ние веќе подолго време зборуваме дека сме дискриминирани. Исто така планираме да се обратиме и со собрание до комисијата за заштита на човекови права и да побараме надзорна расправа за случајот  со дијабетичарите во Македонија, вели Велев.  

Бидејќи набавката на ленти, глукомери и инсулин е преку програма на Министерството а не преку Фондот, дијабетичарите неможат да ги рефундираат средствата што ги дале од свој џеб.

Алармираат дека е крајно време да биде решената состојбата со оваа голема група на граѓани во државата и да бидат заштитени нивните права и здравје.

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading

Здравје

Дали е опасно месото да се замрзнува два пати

Published

on

Сите знаеме дека месото може да се замрзне без никакви проблеми. Сепак, сигурно сте слушнале дека месото кое е неколку пати замрзнато во никој случај не е добро за употреба. Сепак, се поставува прашањето, дали е тоа навистина така?

Во суштина, не постои строго правило кое налага месото да не се замрзнува и одмрзнува неколку пати, но многу е важно тоа да го правите правилно, односно месото да го одмрзнете во фрижидер, на температура до 5 степени Целзиусови.

Откако ќе го направите ова, можете повторно да го замрзнете месото доколку е потребно. Она што може да се случи е месото да стане водено поради пукање на клетките, но сигурно нема да се расипе.

Зошто ја замрзнуваме храната?

Да се ​​забави растот на бактериите, односно да се спречи расипување на храната.

Во суштина, на температура од -18°C (што е стандард за замрзнувачите), можеме да складираме храна со години.

На температура од 2° до 8°C, односно во фрижидер, храната може да трае кратко, а, пак, на собна температура многу брзо ќе се расипува.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк