Разговараат двајца вработени во јавна администрација:
– Замисли си, вчера работев две смени.
– Зошто???
– Случајно сум задремал, а никој од колегите не ме разбудил.
На некој Тетоец му здосадило нон стоп да чита вицови против нив во весник па решил да му пише на уредникот на весникот: – Почитуван уредниче, јас сум редовен читател на вашиот весник, но ако во најскоро време не престанете да пишувате вицови против тетовчани ви се колнам дека ќе престанам да го позајмувам весникот од комшијата!
Дошле некои деца до куќата на еден Влав и му рекле: -Чичко, собираме донации за базен. Дали ќе ни помогнете? Влавот се замислил и влегол дома. По една минута се враќа Влавот со кофа вода и им вели: -Повелете деца, ама да ми ја вратите кофата.
Доаѓа Влавот дома и и вели на својата жена: -Денес пак поскапе бензинот. Жената му вели: -Па што ти е гајле, ти немаш кола! -Па немам кола, ама имам запалка.
Влегува Влав во кафана и му вели на еден човек: -Ти вчера го спаси мојот син од давење во езерото? Човекот гордо станува и му вели: -Јас. Влавот му рекол: -А кај му е капата?!
Оди влав во село кај еден пријател, седнуваат на маса, селанецов почнува да ваѓа од се и сешто на маса, јадење, пиење, мезење… седат разговараат, другиот ден требало да си оди влаот за дома, се испраќаат и влаот му вели: пријателе, кога ке те донеси пат на кај мене, ке видиш јас како ке те пречекам, се чука влаот во гради! Но ете дошло ден оди селанецот кај влаот, седнуваат, носи влаинката на маса, вода, леб, сол и пипер, така си седат си макаат и си прават муабет, од кога дојаделе, влаот му вели на женатаму, жено донеси ја кокошката, женава се чуди, немаат никаква кокошка испечено, се направи дека не го слушна, по едно време пак, жено донеси ја кокошката, сватил селанецот што е работата, рекол остави ја кокошката друг пат ке ја јадиме, јас морам да си одам. Од кога заминал селанецот, влаинката го прашува мажотму, абе мажу каква кокошка бараше, немаме ние кокошка печена… Влавот му вели, АБЕ ЖЕНО, 1000 ПАТИ ТИ РЕКОВ ДОНЕСИ ЈА КОКОШКАТА ДА ГИ СОБЕРИ ТРОШКИТЕ ОД НА МАСА!
Си била некоја стара влаинка, која не знаела многу добро македонски, имала една крава, еден ден, сакала да го праша краварот, дали нејзината крава се парела, но женава не знаела како да го праша на македонски, па се обидела, ООО ВАКАРЕ, ДАЛИ КРАВАТА НАША СЕ ФУТАШЕ ?!
Зошто на влаот нај омилено животно му е Жирафата?! Затоа што ке јаде трева од дворот на комшијата!
Двајца сметководители власи праат муабет А: еден и еден колку се бе? Б: два! А: тоа многу да не е бе?
Влав , нерасположен ,депресивен, апатичен, доаѓа кај психолог и се жали на својата состојба. Психологот го потпрашува , одоколу , директно и на крај му вика. тебе проблем ти е што одамна не си потрошил пари, оди потроши пари и дојди на контрола за три дена. после три дена доаѓа истиот пациент, пее , свирка, подскокнува, весел дури у еуфорија. Вика :докторе, алал да ти е , и дијагноза ми постави и успешна терапија ми даде! а докторов го прашува , колку пари потроши? пациентот вика 12,300 денари Браво бе , а што си купи ? го прашува докторот. 200 евра докторе.
На некој Влав му здосадило нон стоп да чита вицови против нив во весник па решил да му пише на уредникот на весникот: – Почитуван уредниче, јас сум редовен читател на вашиот весник, но ако во најскоро време не престанете да пишувате вицови против Власите ви се колнам дека ќе престанам да го позајмувам весникот од комшијата!
Зошто на вратата на Влав има две шпионки? -Едната за да виде кој е,другата што носе
– Се враќа еден ден Влав од работа целиот нервозен, пцуе и вика наоколу. Жената го прашува: “Што ти е бе мажу, што си толку нервозен?„ – “Абе остај, само што разбрав дека автобускиот билет поефтинел за 10 денари„ “Е што е толку лошо тоа?„ – “Па сега помалку ќе заштедувам со тоа што не се возам со автобус„
-. Што пишува на вратата од влашка куќа? “Примаме гости секој ден освен денес„
-Како започнува рецепт за влашка торта? Иди кај комшијата и земи 3 јајца.
Што прави влав кога му е ладно? -Седи покрај свеќа. А што прави кога му е баш, баш ладно? -Ја пали свеќата
Разговараат двајца Власи: -Комшија, зашто носиш црна кошула? -Умре стариот. -Како умре, вчера го видов на капија! -Па ние го потпревме на врата, да земе пензија.