Connect with us

Бизнис

Кои се 7-те најголеми македонски маркети? Еве кој е на ПРВО МЕСТО!

Published

on

Седумте македонски маркети со најголеми приходи и профити (Веропулос, КАМ, Кипер, Стокомак, Кит-го, Рамстор и Тинекс) во 2023 година имаа вкупни приходи од 934,6 милиони евра.

На прво место е KAM, со остварен приход од 268,8 милиони евра. Следуваат Кипер со 175,2 милиони евра и Стокомак со 138,5 милиони евра. Со приходот од 102,6 милиони евра во 2023 година Верополус го надмина Тинекс, кој оствари вкупен приход од 98,3 милиони евра. На шесто место е Кит-го, кој минатата година има вкупен приход од 86,9 милиони евра. Според висината на приходите заостануваат Жито маркети со 69,5 милиони евра на седмо место и Рамстор со 64,3 милиони евра на осмо место. Но Жито маркети го нема меѓу најдобрите седум маркети според остварен профит.

На прво место според добивка со години по ред е Веропулос, кој во 2023 година оствари чист профит од 10,3 милиони евра, што е раст од 12,8 насто во споредба со 2022 година. На втора позиција е КАМ со профит од 7,3 милиони евра, што е значителен раст во однос на 2022 година, кога добивката изнесувала 4,9 милиони евра. Меѓу трите компании со најголема добивка е и Кипер, со нето-заработка од 5,5 милиони евра.

Следуваат Стокомак со профит од 4,1 милион евра, Кит-го со 3,9 милиони евра, Рамстор со 2,5 милиони евра и Тинекс со 1,4 милиони евра. Иако Тинекс заостанува зад конкуренцијата според висината на добивката, сепак може да се пофали дека во 2023 година има остварено најголем раст на профитот, од дури 208 насто.

Бизнис

„ГРИН МАШИНС“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ БЕРМУДИТЕ „Брако“ ќе ја одржува хигиената на улиците во светскaта туристичка дестинација

Published

on

Машините за чистење „Грин Машинс“ на „Брако“ станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.

„Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на „Грин Машинс“, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.

Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, се наведува во соопштението од „Фероинвест“.

Continue Reading

Бизнис

Производителите, добавувачите и трговците ќе се казнуваат со 20.000 евра, стартува Законот за нефер законски практики

Published

on

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава може да изрекува казни и со 20.000 евра за пронајдени договори за нефер трговски практики – истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

За потсетување, со почетокот на годинава започна примената на казните за неправилностите при спроведувањето на Законот за нефер трговски практики кој е во функција, според директива на ЕУ од 28 септември. Процесот до крајот на 2024 година се следеше со мониторинг, а сега се на сила паричните казни.

-Мониторингот за примената на законот заврши до Нова година. Сега се дооформи и Комисијата за конкуренција (КЗК) која го имплементира Законот и во практиката. Комисијата ќе ги проверува сите договори склучени меѓу производителите, добавувачите и трговците и онаму каде ќе бидат утврдени неправилности казните се 20.000 евра, вели Ристески.

Со Законот се опфатени 2.546 производи според тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласи дека контролата ќе биде строга.

-Комисијата ќе може да влезе во фирмите и да ги проверува договорите по дојава. Сето тоа што ќе биде констатирано како неправилност, ќе биде казнето. Казната е висока,  20.000 евра, објасни Ристески.

Целта на Законот е да се регулира односот меѓу добавувачите и трговците. Заменик-министерот посочи дека ефектите на подолг рок се стабилизација на цените на производите.

-Рабатот е ограничен на 10 проценти во текот на годината. Тоа ќе создаде ред во сета таа работа со трговските практики каде рабатите биле големи, и до 35-40 проценти. Очекуваме на подолг рок да имаме стабилизирање на цените на производите, во интерес на крајните купувачи, граѓаните. Овој Закон е од голем интерес и важност, бидејќи првпат се спроведува во Македонија и е по директива од Европската Унија и треба да биде пример и за другите држави на Западен Балкан – додаде Ристески.

Continue Reading

Бизнис

Од месец март линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Published

on

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.

-Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно зголемување. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија, објасни премиерот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк