Connect with us

Приказни

Четири индијански принципи: Никој не влегува случајно во нашиот живот

Published

on

Прв принцип: Никој не влегува случајно во нашиот живот

Сите оние кои нѐ опкружуваат претставуваат нешто, без оглед на тоа дали треба да нѐ научат на нешто или да ни помогнат да ја поправиме моменталната ситуација.

Втор принцип: Што и да се случило, тоа е единствената работа која можела да се случи

Ништо, апсолутно ништо од она што сме го доживеале не можело да биде поинаку. Дури и најмалите детали. Немојте да велите: „Ах, да постапев поинаку, сега ситуацијата ќе беше поинаква.“ Не. Она што се случило било единственото нешто што можело да се случи и се случило за да ја научиме лекцијата и да се придвижиме напред. Секоја ситуација во животот во која се наоѓаме е совршена, дури и кога ѝ пркоси на нашето разбирање и кога го предизвикуваа нашето его.

Трет принцип: Секој момент во кој нешто започнува е прав момент

Сѐ започнува во вистинскиот момент, ниту прерано, ниту предоцна. Кога сме подготвени за тоа, за нешто ново во нашиот живот, тогаш тоа е тука, подготвено да започне.

Четврт и последен принцип: Она што завршило, завршено е

Тоа е толку едноставно! Кога нешто ќе заврши, тоа му помага на нашиот развој. Затоа, збогатени со претходното искуство, подобро е да се опуштиме и да чекориме напред. Воопшто не е случајно тоа што вие токму во овој момент го читате ова. Ако овие зборови ве допреа, тоа е затоа што ова сознание ви било потребно и сте сфатиле дека ниту една снегулка не може да падне на погрешно место.

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк