Connect with us

Бизнис

Јован Деспотовски од СДСМ започна нов работен ангажман

Published

on

Јован Деспотовски, поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, на социјалната бизнис-мрежа Linkedin објави дека започнал да работи како главен извршен директор во компанијата ТФ Капитал Скопје.

Доскорешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ  за кој засега не сака да изнесува детали во јавноста.

Деспотовски сам поднесе оставка како директор на дирекцијата која раководи со слободните индустриски зони, не чекајќи да биде заменет со нов управител од новата власт. По нешто повеќе од два месеци е сопственик на претпријатие за „управувачки дејности“. Тој од средината на септември е основач на новоформираното друштво за услуги и управување „ТФ Капитал“ во скопско Пржино. 

Бизнис

Тетовската компанија му должи на МЕПСО околу 5 милиони евра

Published

on

Косовскиот снабдувач со електрична енергија на македонскиот пазар „Футуре Енерџи Трејдинг“ е пред суспензија. Ваква одлука за опомена во петокот донел националниот оператор на пазарот МЕМО, пренесе Фактор. 

„Футуре Енерџи Трејдинг“ е една од компаниите кои влечеа струја од системот на МЕПСО за време на енергетската криза и потоа му останаа должни на националниот оператор кој го организира преносот на електрична енергија во земјата.

Опомената е поднесена на барање на МЕПСО, а причината е „нерегулирана балансна одговорност“. Косовска компанија има само неколку дена рок да го испочитува договорот со МЕСПО, во кој има и анекс од декември 2022 кога на приватните фирми должници им беше одобрена можност да го плаќаат долгот на рати.

„Футуре Енерџи Трејдинг“ во последните две години оствари солидна добивка. Во 2022 на продадена струја од 24 милиони евра, заработи повеќе од 900.000 евра, а во 2023 на приходи од 11,5 милиони евра, има добивка од 650.000 евра.

Оваа компанија на МЕПСО, според објавените должнички фактури за 2021, на националниот оператор на системот за пренос на електрична енергија му била еден од најголемите должници со 298.624.967 денари, односно безмалку 5 милиони евра. Компанијата со седиште во Тетово и во 2022 направила огромни негативни отстапувања со 19.636 мегаватчасови преземени од МЕПСО.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading

Бизнис

Следи нов бран поскапувања, доколку продолжи да расте цената на струјата на берзите

Published

on

Високата цена на струјата закана за нов бран поскапувања. Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените.

Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. „Новогодишна кошничка“.

Сметаме дека поради состојбата на пазарот со струја не е време за новогодишна кошничка која се планира да биде донесена затоа што нема да има ефект, но се сложивме да учествуваме. Ако овој тренд со цената на струјата продолжи а државата не преземе мерки многу ќе биде тешко да се задржат цените, велат од производствената индустрија.

Од Регулаторната комисија са енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулиран пазар согласно нивните проценки. Многу од нив поради тоа што имаа подобри услови на отворен пазар одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од таму, но во последно време цените на берзите почнаа да дивеат и во некои денови надминуваа и 400 евра за мегават час, како што беа на самиот старт на енегетската криза.

Целиот текст можете да го прочитате на Телма.

Continue Reading

Бизнис

ПЛАЌАМЕ 133 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС

Published

on

Граѓаните плаќаат скапа струја поради недомаќинското работење на претходната влада на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Од партијата велат дека СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси го уништиле енергетскиот сектор.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.

Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.

Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.

И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДСM и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископот на јаглен и скапо увезениот јаглен. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДСM и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.

Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДСM и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.

Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.

Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк