Connect with us

Бизнис

Пак ли ќе „дивеат“ трговците со цените? Утре завршува евтината есенска кошница

Published

on

Цените на храната од „есенската кошничка“ ќе важат уште утре, односно заклучно со 31.октомври. Дали потоа трговците повторно ќе ги „вивнат“ цените не се знае. 

„Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање“, изјави деновиве премиерот Христијан Мицкоски

Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека на сила е и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што се очекува дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец. 

Во меѓувреме, има надеж за граѓаните. Односно може да ја чекаат следната евтина кошница со храна.  

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Бизнис

Доларот дополнително зајакна, цената на нафтата падна

Published

on

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во претпладневното тргување во петокот во однос на кошницата валути дополнително се зголеми по коментарите на челникот на американската централна па САД, Џером Пауел.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево достигна 106,88 поени, највисоко ниво во една година, додека вчера во ова време беше 106,69 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасн а од вчерашните 156,02 на 156,50 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па вредноста на еврото се лизна на 1,0540 долари, најниско ниво за една година, додека вчера во ова време беше 1,0545 долари.

Индексот на доларот е на пат за раст оваа седмица од околу 1,8 отсто, при што еврото во однос на американската валута падна за 1,7 отсто.

Паднаа и цените на нафтата, па се на пат до загуби оваа седмица за повеќе од 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,96 отсто, на 71,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,94 отсто, на 68,05 долари.

Continue Reading

Бизнис

БАНКРОТ НА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КОМПАНИИ ЗА МЕБЕЛ: Беше омилена и меѓу македонските потрошувачи

Published

on

Познатиот австриски ланец за мебел Кика/Лајнер денеска и официјално е во стечај, јавуваат австриските медиуми.

Неликвидноста дојде откако компанијата со години беше во криза. Во последните десет години трипати се менуваше сопственичката структура, а веќе еднаш компанијата банкротираше. Веќе се затворени бројни филијали.

Минатата година, Rene Benkos Signa продаде недвижен имот на компанијата Supernova од Грац, додека Херман Визер го презеде оперативниот бизнис со мебел. Набргу потоа, компанијата поднесе барање за стечај, а 23 од 40 филијали беа затворени како дел од реструктуирањето.

Се очекуваше компанијата да застане на нозе до 2025 година, но пред крајот на годинава целосно банкротираше.

Continue Reading

Бизнис

Германските „мудреци“ ја преполовија проценката за економскиот раст во 2025.

Published

on

Германската економија речиси ќе стагнира и во 2025 година, најавија владините економски советници, намалувајќи ја за половина пролетната проценка која покажа скромно закрепнување на активноста.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) следната година ќе порасне за само 0,4 отсто, покажуваат новите пресметки на Таканаречениот економски совет на мудреците, кој ја оценува економската состојба во земјата на барање на владата. Во мај, петчлениот совет на владини економски советници предвиде раст на активноста од 0,9 отсто за следната година.

Годинава би требало маргинално да се намали за 0,1 отсто. Мајските проценки покажаа слаб раст, за 0,2 отсто.

„Упорно слабиот раст сугерира дека германската економија е попречена и од циклични и од структурни проблеми“, заклучија експертите во изјавата објавена во средата.

Се намалуваат и индустриското производство и создавањето вредност во индустријата и инвестициите, а растот на светската економија и закрепнувањето на еврозоната, според нивна проценка, нема да го стимулираат германскиот извоз во вообичаената мера.

Истовремено, растот на реалната плата резултираше со „невообичаено слаб“ пораст на потрошувачката на домаќинствата, нагласуваат економистите, оценувајќи дека личната потрошувачка годинава ќе порасне само за 0,4 отсто, а во 2025 година за 0,5 отсто.

Инфлацијата во исто време слабее и веројатно ќе биде просечно 2,2 отсто оваа година и 2,1 отсто во 2025 година.

Колапсот на владејачката коалиција и предвремените избори, закажани за 23 февруари, само ќе ја зголемат општата економска неизвесност, сметаат економските советници.

Во октомври, владата ја ревидираше проценката за економскиот раст оваа година, што сега покажува пад на активноста од 0,2 отсто во најголемата европска економија.

Во 2025 година би требало силно да се забрза, со прогнозирана стапка на раст од 1,1 отсто, покажаа владините пресметки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк